- Оваа статија се однесува за округот во Саксонија, додека за планинскиот масив, видете Рудни Планини
Рудни Планини (германски: Erzgebirgskreis) — округ (Kreis) во сојузната покраина Саксонија, Германија. Именуван е по истоимениот планински масив (Erzgebirge), кои претставуваат масив во јужниот дел на округот и сочинуваат дел од германско-чешката граница. Се граничи со (од запад надесно) окрузите Фогтланд и Цвикау, урбаниот округ Кемниц, округот Средна Саксонија и Чешка.
Историја
Округот бил основан со спојување на поранешните окрузи Анаберг, Ауе-Шварценберг, Штолберг и Средни Рудни Планини како дел од окружната реформа во август 2008 година.
Географија
Округот се наоѓа во западниот дел на Рудните Планини, кои исто така ја формираат границата со Чешка. Неколку реки, кои извираат на Рудните Планини, течат низ округот, вклучувајќи ги Цвикауер Мулде и Чопау.
Градови и општини
Наводи
Надворешни врски
|
---|
| Градски | |
---|
| Селски | |
---|
| Поранешни градски | |
---|
| Поранешни селски | |
---|
|
50°36′N 12°57′E / 50.600°N 12.950°E / 50.600; 12.950