Бад Шлема (германски: Bad Schlema) — општина во округот Рудни Планини, во Саксонија, Германија и припаѓа на Лигата на градови Зилберберг (Städtebund Silberberg). Низ градот поминува сребрениот пат (Silberstraße). Општината го развива нејзиниот туристички сектор, покрај сите нејзини бањски објекти.
Географија
Составни делови на Бад Шлема се Обершлема, Нидершлема и Вилдбах.
Историја
Денес, општината Бад Шлема е спој на две поранешни различни делови на Нидершлема и Обершлема, што се случило во 1958 година. Од 1994 година, општината Вилдбах е исто така припоена кон новата општина.
Во текот на минатите 800 години, двата дела станале познати по рудните богатство на железо, бакар, сребро и ураниум. Во времето на индустријализација, биле основани многу семејни фабрики, кои станале познати низ цела Германија. По откривањето на сината боја од кобалт од страна на Кристоф Ширер, во Обершлема започнал со работа најголемиот светски производител на сина боја од кобалт, со 42 објекти. По отворањето на богатите извори на радон во Маркс-Землер-Штолн (ридски рудник) во Обершлема помеѓу 1908 и 1912, светската најбогата бања била развиена по 1918 година. Само 10 години подоцна, била вброена помеѓу најважните бањи во Германија (во 1943, имала повеќе од 17.000 посетители). Рудникот за ураниум бил преземен од советските окупациски сили по 1946, бањата и општината Обершлема биле скоро уништена до 1952. Од 1990 година, советско-германската корпорација Визмут (Sowjetisch-Deutsche Aktiengesellschaft Wismut, ископала повеќе од 80.000 тони ураниум од долината Шлема и соседната долина Мулде.
Откако рударството завршило, градоначалникот, Конрад Барт, организирал обновување на градот како бањски град, што било реализирано во 1998, кога новата Kurhaus („бања“) била отворена. Новоотворената бања сега ја посетуваат повеќе од 1.200 посетители.
На 18 јануари 2005, саксонската покраинска влада службено го прогласила градот со Bad (буквално „бања“), откако била признаена како бања на 29 октомври 2004 година. Така, Бад Шлеме станала првата општина што го добила описот Bad од 1990 година.
Население
Сите следни бројки се однесуваат на 31 декември во дадената година.
1982 to 1988
1982 − 7.921
1983 − 7.779
1984 − 7.617
1985 − 7.568
1986 − 7.466
1987 − 7.428
1988 − 7.309
1989 to 1995
1989 − 6.959
1990 − 6.605
1991 − 6.460
1992 − 6.365
1993 − 6.343
1994 − 6.340
1995 − 6.234
1996 to 2002
1996 − 6.189
1997 − 6.249
1998 − 6.227
1999 − 6.088
2000 − 5.849
2001 − 5.737
2002 − 5.649
2003 to 2006
2003 − 5.595
2004 − 5.549
2005 − 5.493
2006 − 5.451
Извор: Statistisches Landesamt des Freistaates Sachsen