Округот бил создаден во 1994 година со спојување на поранешните окрузи Мариенберг и Чопау. На 1 август 2008 година бил споен во новиот округ Рудни Планини.
Географија
Округот се наоѓал на Рудните Планини (Erzgebirge). Највисоката точка е 891 метар високиот Хиртштајн (Hirtstein), додека најниската точка со 305 метри се наоѓа во Вичдорф. 40% од округот е покриен со шуми.
Грб
Грбот покажува три симболи на типичните индустрии во округот. На лево е тркало, симболизирајќи ги водениците, кои биле раширени низ округот, како и симбол за модерните индустрии. Дрвото на лево е за многуте шуми и дрвната индустрија, додека чеканите долу се рударски симбол, бидејќи округот бил центар на рудартвото.