Историјата на областа била под влијание на градот Лајпциг.
Округот бил основан во 1994 година со спојување на поранешните окрузи Лајпциг, Борна и Гајтхајн. Во август 2008 година, станал дел од новиот округ Лајпциг.
Географија
Главна река во округот е Вајсе Елстер (Weiße Elster), која исто така тече низ градот Лајпциг. Областа јужно од Лајпциг претставува голема рударска област, пред сè за јаглен, која се планира да биде претворена во езера во блиска иднина. Исто така, јагленот ја прави областа, главна индустриска област во Источна Германија.
Грб
Лавот на десната страна е симбол на грофовите од Мајсен, вертикалните сини ленти долу се симбол на кметовите од Ландсберг. Обата симбола се исто така претставени и во грбот на градот Лајпциг. Лево е брановитата линија на зелена основа, која ја симболизира реката Вајсе Елстер.