Алтенбург (округ)

Алтенбург
Altenburger Land

округ
Земја Германија
ПокраинаТирингија
СедиштеАлтенбург
Површина
 • Вкупна569 км2 (220 ми2)
Население (31 декември 2022)[1]
 • Вкупно88.787
 • Густина160/км2 (400/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.ABG
Мреж. местоaltenburgerland.de

Алтенбург (германски: Altenburger Land) — округ во Тирингија, Германија. Се граничи со (од запад надесно) округот Грајц, Бургенланд (Саксонија-Анхалт) и окрузите Лајпциг, Мителзаксен, Цвикау во Саксонија.

Историја

Типичен четиристран двор со капија од 1743 година кај езерцето во Плотендорф, што го карактеризира градскиот пејзаж

Областа околу реката Плајсе бил дел од огромно шумско подрачје, кое било населено од Словените. Замокот Алтенбург веќе постоел во 10 век. Во следните векови пристигнале германските доселувачи. Бил дел од грофовијата Мајсен во 14 век. Во тоа време поголемиот дел од шумите биле отсечени.

Градот Алтенбург и околината биле мало војводство Саксо-Алтенбург од 1826 до 1918; потоа кратко време била држава во Вајмарската Република, пред да биде распуштена во 1922 со цел да се создаде покраината Тирингија.

Округот во неговите денешни граници бил основан во 1922 под името „Алтенбург“. Во 1952 се спровела административна реформа и округот бил поделен на два дела, наречени Алтенбург и Шмелн. Повторно биле споени во 1994, но сега под името „Алтенбургер Ланд“.

Географија

Алтенбургер Ланд е најисточниот округ на Тирингија. Тој е главно земјоделска област. Главна река во округот е Плајсе, притока на Вајсе Елстер, преминувајќи низ округот од југ кон север. Ридот Остерланд е дел од северните падини на Рудните Планини, кои полека се спуштаат кон низините во источниот дел на Саксонија-Анхалт.

Грб

Грб

Грбот прикажува:

  • Црвената роза од грбот на градот Алтенбург
  • Лавот, кој бил симбол на владетелите од Плауен; имале големо влијание во областа во текот на 14 и 15 век
  • Црните и златните линии со зелен прстен бил грбот на саксонската династија Ветин
  • Црвениот желад ја претставува играта скат, која била измислена во Алтенбург

Градови и општини

Слободни градови и општини
  1. Алтенбург
  2. Гесниц
  3. Лука
  4. Мојзелвиц
  5. Шмелн
  1. Хајерсдорф
  2. Нобиц
  3. Пониц
Општински заедници
  1. Алткирхен
  2. Добичен
  3. Дроген
  4. Герен
  5. Гелниц
  6. Лумпциг
  7. Мена1
  8. Штаркенберг
  1. Хојкевалде
  2. Јонасвалде
  3. Лебихау
  4. Небдениц1
  5. Постерштајн
  6. Тонхаузен
  7. Фолмерсхајн
  8. Вилденбертен
  1. Фокендорф
  2. Герстенберг
  3. Хазелбах
  4. Требен1
  5. Виндишлојба
  1. Крибич
  2. Ледла
  3. Монштаб
  4. Розиц1
  1. Фронсдорф
  2. Гепферсдорф
  3. Јикелберг
  4. Лангенлојба-Нидерхајн1
  5. Цигелхајм
1седиште на општинската заедница

Наводи

  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2023. (германски)

Надворешни врски

51°0′N 12°25′E / 51.000° СГШ; 12.417° ИГД / 51.000; 12.417

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!