Округот бил основан на 1 октомври 1922, кога новосоздадената држава Тирингија била административно поделена на 15 окрузи и 9 слободни града.
Географија
Југозападната област на округот претставува дел од Тириншката Шума, со врвот Гросер Инзелсберг (916 м, Großer Inselsberg) како највисока точка во округот. Во северниот дел на округот се наоѓаат многу овоштарници, особено во областа Фанер Хее (Fahner Höhe). Реката Унштрут тече на кратко на самата северна граница на округот.
Грб
Грбот го покажува замокот Фриденштајн во горниот дел, најголемата барокна градба во градот Гота. Брановитата линија го прикажува каналот Лајна, кој бил граден од 1366 до 1369 од Шенау до Гота, со цел носење на вода во самиот град. Ѕвездата долу била симбол на Војводството Саксо-Гота-Алтенбург.