Зале-Орла

Зале-Орла
Saale-Orla-Kreis

округ
Земја Германија
ПокраинаТирингија
СедиштеШлајц
Површина
 • Вкупна1.151,3 км2 (4,445 ми2)
Население (31 декември 2022)[1]
 • Вкупно79.178
 • Густина6,9/км2 (18/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.SOK, LBS, PN, SCZ
Мреж. местоsaale-orla-kreis.de

Зале-Орла (германски: Saale-Orla) — округ во источниот дел на сојузната покраина Тирингија, Германија. Соседни окрузи се (од север надесно) окрузите Зале-Холцланд, Грајц, Фогтланд во Саксонија, баварските окрузи Хоф и Кронах и округот Залфелд-Рудолштат.

Историја

Пејзаж во близина на Вурцбах, област Зале-Орла

Округот бил создаден во 1994 година со спојување на претходните окрузио Лобенштајн, Песнек и Шлајц.

Географија

Главни реки во округот се Зале и Орла, од кои е изведено името на округот. Највисока точка во округот со 732,9 метри надморска височина е Зиглицберг (близу Лобенштајн), додека најниската до 180 метри е близу Шимерсбург, Лангенорла. Округот е планински, сместен на Тириншките Шкрилни Планини. Браните на Зале го создаваат најголемиот систем на вештачки езера во Германија.

Грб

Грб Двата лава на врвот на грбот ги претставуваат историските држави, кои биле сместени во минатото. Во левиот дел е лавот со круна на семејството Ројс, додека лавот на десната страна е симбол на грофовијата Мајсен. Двете брановити линии во долниот дел ги симболизираат двете реки во округот, Зале и Орла.

Градови и општини

Слободни градови Слободни општини
  1. Бад Лобенштајн
  2. Гефел
  3. Хиршберг
  4. Нојштат на Орла
  5. Песнек
  6. Залбург-Еберсдорф
  7. Шлајц
  8. Тана
  9. Вурцбах
  1. Коспода
  2. Ремптендорф
  3. Розентал на Ренштајг
Општински заедници

1. Опург

  1. Боделвиц
  2. Дебриц
  3. Гертевиц
  4. Гробенгеројт
  5. Лангенорла
  6. Лаусниц
  7. Нимриц
  8. Оберопург
  9. Опург1
  10. Квашвиц
  11. Золквиц
  12. Вајра
  13. Вернбург

2. Ранис-Цигенрик

  1. Есбах
  2. Гесиц
  3. Кајла
  4. Крелпа
  5. Мокса
  6. Паска
  7. Појшен
  8. Ранис1, 2
  9. Шморда
  10. Шендорф
  11. Зајзла
  12. Вилхелмсдорф
  13. Цигенрик2

3. Зенплате

  1. Дитерсдорф
  2. Герквиц
  3. Гешиц
  4. Киршкау
  5. Лема
  6. Мосбах
  7. Нојндорф кај Шлајц
  8. Етерсдорф1
  9. Плотен
  10. Пермиц
  11. Тегау
  12. Фолкмансдорф

4. Триптис

  1. Драјцш
  2. Герода
  3. Лемниц
  4. Мизиц
  5. Мителпелниц
  6. Розендорф
  7. Шмириц
  8. Темелсдорф
  9. Триптис1, 2
1седиште на општинска заедница;2град

Наводи

  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2023. (германски)

Надворешни врски

50°35′N 11°45′E / 50.58° СГШ; 11.75° ИГД / 50.58; 11.75

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!