Во средновековието, областа Ајхсфелд, која е поголема отколку округот Ајхсфелд, била посед на бискупите од Мајнц, иако не е воопшто близу градот.
Ајхсфелд била единствената област во Тирингија која не ја прифатила реформацијата, најмногу поради напорите на надбискупот на Мајнц.
Во 1801 биле укинати верските држави и Прусија ја добила областа, но повторно ја загубила во Наполеоновите војни. На Виенскиот конгрес (1815) Прусија како и кралството Хановер ја барале областа Ајхсфелд. Областа била поделена помеѓу двете држави. Иако Хановер бил припоен од Прусија во 1866, оваа граница останала помеѓу двете пруски покраини, подоцна помеѓу Источна и Западна Германија и денес помеѓу Тирингија и Долна Саксонија.
Денешниот округ бил основан во 1994 со спојување на поранешните окрузи Ворбис и Хајлигенштат.
Географија
Округот бил именуван по историската област Ајхсфелд, која ги опфаќа северните делови на денешниот округ и делови од Долна Саксонија, областа околу Дудерштат наречена „Долен Ајхсфелд“ (Untereichsfeld). Округот е претежно ридест, а на север се протегаат планините Харц. Исто така, претставува географски центар на Германија. Реките Лајне и Унштрут извираат во Ајхсфелд.
Името се верува дека потекнува од Ајхенфелд („Eichenfeld“), што значи поле со дабови. Помалку популарна теорија за потеклото на името е зборот „Ајсфелд“ (поле на мразот).
Грб
Грбот го прикажува хералдичкиот орел на Прусија, заедно со Тркалото на Мајнц, што бил симбол на бискупите на Мајнц. Овие грбови биле донесени кратко откако Прусија го добила Ајхсфелд (1801). Во 1816 Ајхсфелд повеќе не претставувал географска област и грбот станал небитен. Повторно бил воведен во 1945 (користен до 1952) и повторно во 1994.