Грајц (округ)

Грајц
Landkreis Greiz

округ
Земја Германија
ПокраинаТирингија
СедиштеГрајц
Површина
 • Вкупна844 км2 (326 ми2)
Население (31 декември 2022)[1]
 • Вкупно96.381
 • Густина110/км2 (300/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.GRZ, ZR
Мреж. местоwww.landkreis-greiz.de

Грајц (германски: Greiz) — округ во источниот дел на Тирингија, Германија. Соседни окрузи се (од запад надесно) Зале-Холцланд, Зале-Орла, слободниот град Гера, Бургенланд во Саксонија-Анхалт, Алтенбург и двата саксонски окрузи Цвикау и Фогтланд.

Историја

Административна зграда на Bauerfeind AG во Зеуленрода

Историски, областа на округот била дел од Фогтланд, именувана по титулата фогт доделувана на локалните владетели во 13 век. Само две линии на семејството Ројс преживеале од тоа време, каде едната била сместена во Грајц, а другата во Гера и Шлајц. Во 1919 обете биле споени во Volksstaat Reuß, која потоа станала дел од Тирингија во 1920.

Подкамп на концентрацискиот камп Бухенвалд бил сместен кај Берга/Елстер во текот на Втората светска војна.[2]

Округот во неговата денешна форма бил создаден на 1 јули 1994, кога окрузите Гера, Цојленрода и претходниот округ Грајц биле споени.

Географија

Во јужниот дел на округот се деловите на Тириншките Шкрилни Планини (Thüringer Schiefergebirge) и Рудните Планини, додека речната долина на Вајсе Елстер се движи низ округот од југ кон север.

Грб

Грб Обата лава како и жеравот во горниот дел на грбот потекнуваат од грбот на семејството Ројс и нивните кнежевства. Во долниот дел е дел од грбот на Саксонија, бидејќи еден дел од округот припаѓал на Војводството Саксонија.

Градови и општини

Слободни градови Слободни општини
  1. Аума-Вајдатал
  2. Бад Кестриц
  3. Берга/Елстер
  4. Грајц
  5. Хоенлојбен
  6. Ронебург
  7. Вајда
  8. Цојленрода-Трибес
  1. Кашвиц
  2. Кримла
  3. Харт-Пелниц
  4. Хартмансдорф
  5. Крафтсдорф
  6. Кидорф
  1. Лангенвецендорф
  2. Лангенволшендорф
  3. Молсдорф-Тајхволфрамсдорф
  4. Нојмиле/Елстер
  5. Вајсендорф
Општински заедници

1. Ам Браметал

  1. Бетенхаузен
  2. Браменау
  3. Гросенштајн1
  4. Хиршфелд
  5. Корбусен
  6. Пелциг
  7. Рајхштет
  8. Швара

2. Виншендорф/Елстер

  1. Браунихсвалде
  2. Ендшиц
  3. Гауерн
  4. Хилберсдорф
  5. Кауерн
  6. Линда кај Вајда
  7. Пајцдорф
  8. Рикерсдорф
  9. Зелингштет1
  10. Тајхвиц
  11. Виншендорф/Елстер

3. Минхенбернсдорф

  1. Бока
  2. Хундхауптен
  3. Ледерхозе
  4. Линденкројц
  5. Минхенбернсдорф1, 2
  6. Зара
  7. Шварцбах
  8. Цедлиц
1седиште на општинска заедница;2град

Наводи

  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2023. (германски)
  2. Edward Victor. Alphabetical List of Camps, Subcamps and Other Camps. www.edwardvictor.com/Holocaust/List %20 of %20 camps.htm

Надворешни врски

50°45′N 12°05′E / 50.75° СГШ; 12.08° ИГД / 50.75; 12.08

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!