Округот бил создаден во 1868 година, кога биле воведени окрузите во Саксо-Мајнинген. Во 1952 година, делови на округот биле одвоени и префрлени во новосоздадениот округ Нојхаус на Ренвег. Во 1994, Нојхаус на Ренвег бил распуштен и округот Зонеберг ја добил својата првобитна големина.
Округот се наоѓа на јужните падини на планините на Тириншката Шума. Пејзажот се спушта од високите ридови од над 800 метри (највисоката точка е Гросер Фармденкопф со 869 метри) до пониските делови во округот.
Грб
Грбот прикажува симболи од историските држави кои постоеле на територијата на округот. Во горниот лев дел се наоѓа лавот како симбол на грофовијата Мајсен. Во горниот десен дел е симболот на грофовите од Зонеберг, каде се вклучени и ножици за овци. Во долниот лев дел е прикажан симболот на грофовите од Шаумберг-Рауенштајн и долниот десен дел го покажува грбот на Саксонија.