Зонеберг

Зонеберг

Sonneberg

Градското собрание на Зонеберг
Градското собрание на Зонеберг
Градското собрание на Зонеберг
Грб на Зонеберг
Зонеберг во рамките на Германија
Зонеберг
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Зонеберг
Градоначалник Хајко Фогт (независен)
Основни податоци
Површина 84,69 км2
Надм. височина 400 м
Население 23.507 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 278 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SON, NH
Пошт. бр. 96501–96515
Повик. бр. 03675
Портал www.sonneberg.de
Местоположба на градот Зонеберг во рамките на округот Зонеберг
Карта
Карта
Координати 50°21′0″N 11°10′0″E / 50.35000° СГШ; 11.16667° ИГД / 50.35000; 11.16667

Зонеберг (германски: Sonneberg; источнофранконски: Sumbarch) — град во сојузната покраина Тирингија, во Германија, кој претставува и административно седиште на истоимениот округ. Со блискиот горнофранконски град Нојштат кај Кобург во Баварија образува една географска и стопанска урбана целина.

Долго бил сметан за центар на индустријата на играчки и сè уште е добро познат по тоа. Во градот се наоѓа и PIKO, железнички производител, кој станал еден од малкуте претпријатија од ваков вид во земјите од Варшавскиот пакт и како таков ги снабдувал со возови сите железници на земјите од советскиот блок. Во Зонеберг се наоѓа и Германскиот музеј за играчки („Deutsches Spielzeugmuseum“).

Во поделената повоена Германија, Зонеберг „неприродно“ се нашол одвоен блискиот голем соседен град Кобург и поради тоа морал да се насочи кон север. Бил опслужуван со неприродно кривулеста железничка линија и така станал изолиран од остатокот на Источна Германија. Неговата железничка станица е класифицирана како главна железичка станица и е опслужувана на линијата Кобург-Зонеберг.

Географија

Местоположба

Градот се наоѓа во долините на реките Ретен и Штајнах, сместен непосредно на тириншко-баварската покраинска граница.

Соседни општини

Градот се граничи со следниве места (почнувајќи од десно, надесно): Грефентал (округ Залфелд-Рудолштат), Тетау (округ Кронах), Ферицтал (округ Зонеберг), Нојштат кај Кобург (округ Кобург), Франкенблик, Штајнах, Лауша и Нојхаус на Ренвег (сите во округот Зонеберг).

Градски единици

Согласно статутот на градот Зонеберг, градот се состои од следниве единици:

  • Бетелхекен
  • Хенбах
  • Хитенштајнах
  • Кепелсдорф
  • Малмерц
  • Миршниц
  • Нојфанг
  • Оберлинд
  • Обере Штат (Алтштат)
  • Штајнбах
  • Унтере Штат (Иненштат)
  • Унтерлинд
  • Вед
  • Волкенразен
  • Шпехтсбрун
  • Хазентал
  • Форверк
  • Хазелбах
  • Шнајдемиле
  • Фридрихстал
  • Ешентал
  • Георгсхите
  • Блеххамер
  • Хитенгрунд

Покрај нив, градски четврти се Обере Штат (Алтштат) и Унтере Штат (Иненштат).

Припојувања

  • 1919: Бетелхекен
  • 1922: Хенбах
  • 1923: Нојфанг
  • 1950, 1 јули: Кепелсдорф (во 1923 г. се споиле Хитенштајнах, Кепелсдорф и Штајнбах), Малмерц, Миршниц и Оберлинд
  • 1994, 30 јуни: Унтерлинд
  • 2013, 31 декември: Оберланд на Ренштајг (на 1 јануари 1997 година се споиле Енгництал и Хазелбах)

Политика

Градски совет

Градскиот совет на градот Зонеберг се состои од 30 членови. На општинските избори на 26 мај 2019 година бил избран следниов состав на советот:

Партија/Листа Места
CDU 12 (−1)
AfD 7 (+7)
LINKE 5 (−3)
SPD 3 (−2)
FDP 2 (±0)
GE-MU-FEU-TRA 1 (+1)
NPD 0 (−1)
GRÜNE 0 (−1)
Вкупно 30

Градоначалник

На 21 август 2016 година бил избран Хајко Фогт за градоначалник на градот Зонеберг.

Поранешни градоначалници од 1839 г.
  • 1839:–0000 Андреас Флајшман
  • 1840–1843: Ернст Теодор Хертел
  • 1843–1848: Фридрих Адолф Вилинг
  • 1848–1876: Карл Фридрих Адам Херман
  • 1876–1877: Арнолд Кристијан Хојбах
  • 1877–1881: Е.Ф. Макс Биркер
  • 1881–1884: Август Мајер
  • 1884–1893: Херман фон Кате
  • 1893–1909: Хуго Лиман
  • 1909–1916: Херман Кеслер
  • 1916–1920: Ханс Милер
  • 1920–1922: Карл Кнауер (SPD)
  • 1922–1925: Ото Јарајс (SPD)
  • 1925–1930: Карл Кнауер (SPD)
  • 1930–1945: Макс Цогбаум (независен, подоцна NSDAP)
  • 01.–12.04.1945: Др. Бец (NSDAP)
  • 12.–14.04.1945: Херман ам Енде (независен)
  • 15.04.–04.07.1945: Ернст Глекнер (независен)
  • 1945–1950: Вили Гајер (KPD, подоцна SED)
  • 1950–1951: Олга Брикнер (SED)
  • 1951–1957: Герхард Браун (SED)
  • 1957–1959: Зигмунд Хаусдерфер (SED)
  • 1959–1961: Вили Бунцел (SED)
  • 1961–1974: Герхард Штир (SED)
  • 1974–1984: Армин Бранд (SED)
  • 1984–1990: Клаус Оберендер (SED, подоцна независен)
  • 1990–1994: Зигфрид Фелер (CDU)
  • 1994–2016: Sibylle Abel (FDP, подоцна CDU)

Општински финансии

Градот до 31 декември 2019 година должи вкупно 22,814 милиони евра.[2]

Збратимени градови

Зонеберг е збратимен со следниве градови:

Познати жители

Галерија

Наводи

  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2023. (германски)
  2. Thüringer Landesamt für Statistik

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!