Плајсе е десна притока на Вајсе Елстер во Саксонија, Германија. Нејзиниот извор се наоѓа југозападно од Цвикау, кај Еберсбрун, потоа тече низ Вердау, Кримичау, Алтенбург и други градови во Саксонија и Тирингија, пред да се влее во Вајсе Елстер кај Лајпциг.
Реката природно има должина од 115 километр; меѓутоа, јужно од Лајпциг, е исправена, со што е намалена нејзината должина на 90 км.