Округот бил создаден во 1994 од претходниот округ Каменц, северните делови на округот Дрезден-Ланд, околу Радеберг и округот Хојерсверда, освен градот Хојерсверда, кој станал слободен град. Од 1994 до 1996 бил наречен Westlausitz - Dresdner Land, но бил преименуван потоа повторно во Каменц. Во август 2008, округот Каменц и Хојерсверда биле припоени кон округот Бауцен.
Боите на грбот се оние од Горна Лужица. Црното крило на десната страна е симбол на грофовите од Каменц. Листот од липа на врвот на левата половина стои за лужичкосрпското малцинство. Разбрануваната линија долу ги симболизира трите реки, Редер, Елстер и Шпре. Трите прстени долу го симболизира обединување на претходните окрузи.