Share to: share facebook share twitter share wa share telegram print page

Ојбин

Ојбин
Грб на Ојбин
Ојбин во рамките на Германија
Ојбин
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Герлиц
Општ. заед. Олберсдорф
Месни единици 4
Градоначалник Ханс-Јирген Гот (Die Linke)
Основни податоци
Површина 18 км2
Надм. височина 389 м
Население 1.300 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 72 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. GR
Пошт. бр. 02797
Повик. бр. 035844
Портал www.oybin.com
Местоположба на Ојбин во рамките на округот Герлиц
Карта
Карта
Координати 50°50′32″N 14°44′34″E / 50.84222°N 14.74278°E / 50.84222; 14.74278

Ојбин (германски: Oybin) — општина во округот Герлиц, во Саксонија, Германија, која се наоѓа многу блиску до границата со Чешка.

По поразот на протестантските армии од Хабсбурзите во Битката кај Белата Планина во 1620, многу протестантски Чеси нашле свое прибежиште близу до границата во ридовите на Горна Лужица. Ојбин е „Kurort“, бања или одморалиште одобрено од државата, каде луѓето доаѓаат за одмор или лекување. Најмногу е познат по истоимениот рид, кој се наоѓа на природен песочник над градот. Урнатините на средновековниот манастир нуди дива романтична убавина и бил омилена цел на романескните сликари од 19-от век, како што се Каспар Давид Фридрих. Многу бизарни обликувани геолошки карпи можат да се најдат во околината. Сценската железничка линија на тесен колосек Цитау-Ојбин-Јонсдорф води од Ојбин до соседната општина Јонсдорф и градот Цитау. Градот има три окрузи, Ојбин, Хајн и Ликендорф.

Култура и знаменитости

  • Барокна планинска црква изградена во 1734
  • Периодични историски паради на монасите
  • Железничката станица Ојбин со мал музеј за историјата на железничката линија на тесен колосек Цитау-Ојбин-Јонсдорф
  • Ѓаволска воденица „Teufelsmühle“

Наводи

  1. „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya