Лебау (германски: Löbau, горнолужички: Lubij) — град во округот Герлиц, во источниот дел на сојузната покраина Саксонија, Германија, во историската област Горна Лужица. Се наоѓа помеѓу ридовите на Лебауер Берг и плодната почва на Горнолужичките Планини. Тој е порта во оваа вулканска планинска област и е наоѓа на половина пат помеѓу градови Бауцен, Герлиц и Цитау.
Историја
Лебау бил првпат споменат во 1221 како „Oppidum Lubaw“. Во текот на Средниот Век, градот бил член на Горнолужичкиот Сојуз, која се состоела од лужичките градови Бауцен, Герлиц, Каменц, Лаубан, Лебау и Цитау, која била основана во 1346.
Главни знаменитости
Градското собрание е забележлива мешавина од неколку архитектонски стилови. Друга интересна градба е Villa Schminke од германскиот архитект Ханс Шароун, која потекнува од 1930-тите, но се истакнува со архитектура од 1950-тите. Сметана е за една од најдобрите дела на Шароун.
Кула Крал Фридрих Август над Лебауер Берг е знаменитост на Лебау; кулата направена од лиено железо била изградена во 1854 и е 28 метри висока. Таа е најголема железна кула во Европа и нуди извонредни глетки од Горнолужичките Планини.