Помеѓу населението на селото постои предание дека селото порано се викало Лески, и дека се наоѓало во правец на селото Лешани, тоа место и денес се вика Лески. Од Лески името се преиначило во Злести.[2]
Од градот Охрид оддалечено е 22 километри. Од регионалниот пат Охрид-Кичево оддалечено е 3 километри.
Од јужната и западната страна е опкружено со планини кои се богати претежно со дабова и иглолисна шума во помали количини, а во помал обем и букова шума.
Историја
За постанокот на денешното село се искажува следното предание. Во многу стари времиња во близина на селото Злести постоеле други две помали населби, едната населба се викала Лески, а другата Раштани. Некој човек со своите пет сина после пустошот на старото село Раштани морал да се исели од таму, и дошол во селото Злести. Нив ги викале Маленковци, Пашовци, Беговци, Кадијовци и Ќосевци, подоцна се разграниле на повеќе родови.[3]
Од северната и источната страна на селото се простира голема низина која е погодна за одгледување на житарици. Од другите земјоделски култури во помали количини се одгледува пченка, грав, компир, пиперки и други градинарски култури.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Злести е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 80 куќи.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Македонци.[7]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 294 жители, од кои 291 Македонец и 3 останати.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 168 жители, од кои 159 Македонци, 1 останат и 8 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1948 година, родови во селото се.[2]
Староседелци: Ширговци (26 к.); Маленковци со Пашовци (12 к.); Ѓоршовци (27 к.) и Рамбевци (18 к.).
Со непознато потекло се: Танасковци (22 к.).
Доселеници со познато потекло се: Јолевци (7 к.), доселени се во 1860 година од селото Велмеј; Локовци (4 к.), доселени се во исто време кога и Јолевци, доселени се од селото Локов, Малесија. Од каде избегале поради тоа што убиле некој Турчин.[2]
Истражување во 1979 година
— Стиснете на [прикажи] —
Според истражувањата пак на Јован Трифуноски во 1979 година, родови во селото се:
Старинечки родови се: Миленковци (16 к.), Рампевци (15 к.), Поповци (5 к.), Ширговци (14 к.), Неделковци (5 к.), Степановци (3 к.), Ѓоршевци (12 к.), Ѓоревци (5 к.), Колевци (3 к.), Пашовци (5 к.) и Беговци (5 к.). Слава на сите овие родови е Свети Никола. Родовите Колевци, Ѓоревци и Ѓоршевци потекнуваат од тројца браќа, при што основачот на родот Ѓоршевци имал пет синови и задруга од 70 членови, а во овој род го знаат следното родословие: Нове Маркоски (жив на 91 година во 1965)-Марко I-Марко II-Ангеле-Деско-Ѓоршо кој го основал родот. Родовите Рампевци и Поповци потекнуваат од ист предок, а исто така и родовите Ширговци и Беговци потекнуваат од ист предок. Доселени родови се: Локовци (6 к.) (слават Петковден) од с. Локов во Малесија - Струшко и Јолевци (6 к.) чиешто место на старина е непознато.[14]
Понови истражувања
— Стиснете на [прикажи] —
Според истражувањата на Анѓеле Грозданоски, правени во 1990-тите, родови во селото се
Староседелци:Маленковци, Пашовци, Беговци, Кадијовци и Ќосевци. Кои се делат на Балевци, Иловци, Провиловци, Ревковци, Тасевци, Диуновци, Трајчевци, Тасевци, Танасковци и Ставревци.
Доселеници:Ширговци, кои се делат на Андревци, Марковци, Крстановци, Настовци, Милошевци, Стојановци, Грујовци, Цветановци, Тасевци, Мирчевци, Несторовци, Наумовци, Потевци и Трпчевци. Они се првите доселеници во ова село. Доселени се на самиот старт на XIX век од тетовскиот крај. Они се еден од најголемите родови во селото. Потекнуваат од предокот кој заедно со своите три сина дошол во ова село, Стојан Ширго, Јоне Ширго и Мирче Ширго, од кои потекнува овој род; Рамбевци, а кои се делат на Петковци, Таневци, Николовци (Иловци), Евтимовци, Рочковци и Милевци. Основачот на овој род е доселен од селото Рамне, Охридско. Основачот на родот е дојден како домазет; Пејчиновци, Ѓочковци, Пецаковци и Семјановци (Цветановци), они се од заедничко потекло. Потеклото им е од селото Лин крај Охридското Езеро (во Албанија). Овде дошол некој човек со своите двајца сина, и две ќерки. Едната ќерка се омажила со некојси Рамбе, по кој е основан родот Рамбевци; Дамчевци, кои се делат на Јолевци, Јосифовци и Сиљановци. Доселени се околу 1820та година од селото Велмевци кај Демир Хисар; Вељановци, а кои се делат на Димовци (Бисеровци), Сиљановци, Неделковци, Петревци, Јаковчевци (Наумовци) и Јовевци (Трајановци). Доселени се малку после претходниот род од охридското село Велестово; Симоновци (Шутиновци) и Ѓоршовци, доселени се околу 1840 година од селото Издеглавје; Митревци или Локовци, најмлад род во селото. Доселени се околу 1890 година од селото Локов во струшка Малесија. Овде се доселиле тројца браќа. Стојан, Јован и Кузман.[3]
Селото влегува во рамките на проширената Општина Дебрца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Белчишта.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото припаѓало на некогашната Општина Белчишта.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Белчишта, во која покрај селото Злести, се наоѓале и селата Белчишта, Ботун, Брежани, Велмеј, Горно Средоречие, Грко Поле, Долно Средоречие, Лешани, Ново Село, Песочани и Црвена Вода. Во периодот 1950-1952 година, селото Злести се наоѓало во некогашната Општина Белчишта, во која влегувале селата Белчишта, Горно Средоречие, Долно Средоречие и Злести.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1319 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[16]
Од спортот доста е развиен фудбалот, при што има фубалски клуб ФК Злести кој игра во Охридската општинска лига. ФК Злести има свој стадион „Горни-Лаг“ каде ги изигрува своите натпревари. Во изградба е новиот полигон за мал фудбал и други спортови (ракомет, кошарка, одбојка) во склоп на подрачното основно училиште.
Во Злести секое лето се одржува традиционален турнир во мал фудбал.
Галерија
Параклисот „Св. Никола“ под главната селска црква „Св. Ѓорѓи“
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 24 август 2016.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.
↑Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
↑ 21,021,1Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
↑Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
↑ 23,023,1Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.