Не поистоветувајте ја со азиската држава Малезија.
Малесија (изворно: Закамен)— ридско-планински предел во Западна Македонија, карактеристичен по својата историја, етнологија и култура.
Географија
Областа Малесија е сместена на планината Караорман. Го опфаќа целиот слив на Збашка Река (или Голема Река), десна притока на Црн Дрим. На исток се граничи со Дебрца, на северозапад со Дебарска Жупа, на запад со Дебарски Дримкол, а на југ со Струшко Поле. Релјефот е ридски и планински. Климата е планинска.
Извор: Податоците од 1948-2002 се според официјалните пописи[1]
Бројот на населението во Малесија некогаш достигнувал и до 1.000 жители. Според последниот попис од 2021 година, селата Р'жаново и Локов се раселени, а во Присовјани, Буринец, Селци и Збажди живеат само 20 жители.[2] Жителите од Малесија мигрирале најчесто во Струга, Охрид и Скопје. Голем дел од жителите од прилепското село Ново Лагово потекнуваат од доселеници од Малесија. Освен во Македонија еден дел од населението е колонизирано во Јабука, Србија. Од овој регион потекнуваат и дел од мештаните на село Козичино, Кичевско. Маалото во кое тие живеат се нарекува Малезовци. Инаку во легендите се зборува за некој Стојко Малезан кој живеел пред 4-5 века кој бегајќи од турските војски поради убиство на турски големец се населил во ова планинско село кое се наоѓа на 22 километри од Кичево.
Следува табела на движењето на бројот на населението низ сите пописни години:[3]