Селото лежи 5 км југоисточно од Прилеп. Покрај магистралниот пат А3 (Прилеп – Битола), регионалниот пат Р1101Прилеп - Битола, и регионалниот пат Р1107 Ново Лагово-Демир Капија.
Околни населени места се: Старо Лагово (2,5 км воздушна линија) на југоисток, Волково (4,5 км воздушна линија) на Исток, Беровци (2,25 км воздушна линија) и Галичани (3 км воздушна линија) на југозапад.
Во селото има 6 бунари. Ново Лагово е село од збеан тип. Има 3 прави улици во правец североисток - југозапад.
Долж улиците куќите се поредени во 3 низи. Селото има сè на сè 27 домаќинства (1954 г.). Обработената земја и пасиштата околу Н. Лагово
се наоѓаат на месностите викани: Дујгас, Горно Садово, Долно Садово и Поле. Оддалеченост од поголемите градови во Македонија: Скопје (77км), Битола (35км).Оддалеченост од аеродромите во Македонија: Александар Македонски (72 км) и свети Апостол Павле (66 км). Ново Лагово не излегува на железничка пруга, но и покрај тоа што не излегува на железница има поволна геостратешка позиција. Ново Лагово е поврзано со Прилеп со автобуски сообраќај. Низ селото поминува Волковска река. До реката се наоѓа црквата Света Петка, чии темели се поставени во 2001 година. Света Петка е заштитник на селото.
Историја
Ново Лагово е колонистичко село, основано во атарот на Старо Лагово во 1912 г.
Основачи биле православни Срби доселени 1922 г. од Далмација. Тие години доселениците добиле утринска земја која ја разделиле и ја претвориле во ниви. Потоа колонизаторите купиле ниви и во атарот на соседното село Беровци.
Ново Лагово добро напредувало. Населението ја искористило поволната сообраќајна положба и близината на Прилеп како пазари.
Таму продавале земјоделски производи и млеко. До почетокот на Втората светска војна селото нараснало на 21 куќа, и било угледно село.
напредувало најбрзо од сите околни села.
За време на Втората светска војна Србите од Ново Лагово страдале од Бугарите.
Непријателската полиција често го опкружувала селото, ги претресувала куќите и ги тепала селаните. Населението не смеело никаде да излези надвор од селото па дури ни во Прилеп.
Годината 1946, Србите од Ново Лагово освен еден род со две домаќинства се иселиле во Војводина.
Стопанство
Источно од селото се наоѓа мини индустриска зона, изградена во 90-тите години на минатиот век.
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
185
—
1953
164
−11.4%
1961
251
+53.0%
1971
238
−5.2%
1981
212
−10.9%
Година
Нас.
±%
1991
231
+9.0%
1994
189
−18.2%
2002
213
+12.7%
2021
224
+5.2%
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[2]
Во куќите на иселените Срби, и на нивната земја, власта на НР Македонија во 1946/47 населила 25 домаќинства од областа на сливот на реката Црн Дрим, најмногу од струшка Малесија. Бројот на домаќинства изнесувал:
1948 г. — 29
1961 г. — 40
1971 г. — 53
2010 г. — 60
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 224 жители, од кои 207 Македонци, 1 Албанец, 4 Срби, 4 останати и 8 лица без податоци.[3]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Според истражувањата од 1954 година, родови во селото се:
Доселеници:Вујасиновиќи (2 куќи) доселени се во 1922 година од селото Ивошевца во бенковачкиот срез (Бенковац) во Хрватска. Тие се Срби по потекло; македонски родови доселени во 1947 година во селото се: Кузманоски (1 к.), Маркоски (1 к.) и Нелоски (1 к.) доселени се од селото Ржаново во струшка Малесија; Трајчески (3 к.), Негриоски (2 к.), Стојкоски (2 к.), Петрески (2 к.), Јованоски (2 к.), Димоски (2 к.), Маркоски (2 к.), Тасески (2 к.) и Митрески (1 к.) доселени се од селото Локов во струшка Малесија; Барутоски (1 к.) доселени се од селото Селци во струшка Малесија.
Населението му припаѓа на 3 етнички заедници, но преку 93% се Македонци, а останатите се: Срби и Албанци (сите се жени, омажени за селаните, донесени од Албанија).
Општествени установи
Во селото постои училиште во кое се изучува во комбинирани паралелелки до четврто одделение, учениците образованието го продолжуваат во Старо Лагово каде што завршуваат основно образование во ПООУ Круме Волнароски чие седиште се наоѓа во селото Тополчани.
Ново Лагово се наоѓа во Пpеспанско-Пелагониската епархија на Македонска православна црква - Охридска архиепископија.
Црквата е започната со градба во 2001 г.
Самоуправа и политика
Ново Лагово се наоѓа во општина Прилеп (Пелагониски Регион). Ново Лагово практично е приградска населба на градот Прилеп затоа што се наоѓа на 5 км од центарот на Прилеп, а само на 1 км од излезот на Прилеп.
Регистарски таблички кои се користат во Ново Лагово се: PP-999-ZZ / PP-9999-ZZ.
Поштенски код за селото е 7515 (MK-7515).
Повикувачкиот број за Ново Лагово е ист со Прилеп 048 (од странство се бира со +389 48 XXXXХХ,притоа код за Македонија е 389, за Прилеп 048).
Со селото управува месната заедница Ново Лагово.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1435 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[8]
Спортскиот тим на Ново Лагово се викал ФК Караорман.
Иселеништво
Иселеничките семејства биле: Вујасиновиќ (1куќа), Каролија (5 куќи), Масникоса (2 куќи), Милановиќ (2 куќи), Бунчиќ (2 куќи), Угричиќ (1куќа), Кутлача (1 куќа), Гриќ (1 куќа), и Рашиќ (1 куќа), по потекло од село Ивошевци во Бенковац, Задарска Жупанија, Хрватска. Р'нчиќ (1к.), Деспиниќ (1к .) и Урукало (1к.) кои се по потекло од Врлик кај Книн, Шибеничка Жупанија, Хрватска.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“