Според истражувањата од 1955 година, родови во селото:
Доселеници:Шијаковци (4 к.) тие се најстариот род во селото, коишто го заселиле селото; Поповци (9 к.) однекаде доселени; Грујовци (6 к.) доселени се од Кракоперци, тоа било мало село во близина на селото Шелеверци. Некој паша во Кракоперци земал во војска двајца Македонци, и поради тоа паднала крв, потоа избегале во Охридско, каде некое време живееле, па потоа прешле во селото Мојно, потоа во Ерековци, и на крај во денешното село, го знаат следното родословие: Алексо (жив на 50 г. во 1955 година) Стојан-Здраве-Грујо-Јосиф, основачот на родот; Степановци (8 к.) доселени се од селото Пателе кај Лерин во Егејска Македонија (денес во Грција), се населил Стојан, се знае следното родословие: Атанас (жив на 80 г. во 1950-тите) Степан-Стојан, основачот на родот кој се доселил; Аџиовци (13 к.) доселени се од мариовското село Градешница, го знаат следното родословие: Гроздан (жив на 50 г. во 1955 година) Петко-Гроздан-Јове, основачот на родот кој се доселил; Колевци (3 к.) доселени се од мариовското село Рожден; Тресиглаовци (2 к.) доселени се од мариовското село Крушевица.[10]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1499 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]