Се смета дека селото е наречено по истоветното лично име Росоман, кое како такво е посведочено уште од најраните записи во XV век.[2]
Народни преданија за името
За потеклото на името на Росоман постојат различни легенди. Според една, некој трговец патувал со жена му од Прилеп кон Стоби, но патем застанувал во секој ан, а жена му, со име Роса, постојано го карала за неговата неодговорност. Во тоа време, луѓето немале часовници, па затоа со себеси носеле мали петлиња, кои со своето кукурикање ги потсетувале на времето. Знаејќи за навиката на својот маж, Роса му ставила петле во торбата, но му го врзала клунот за да не може да пее. Така, човекот тргнал на пат, но петлето никако не пеело, така што тој постојано одел понатаму, без да направи одмор. Во мугрите, тој пристигнал до анот кој се наоѓал на местото на денешнито Росоман и дури тогаш забележал што му направила жената. Сфаќајќи дека бил насамарен од жена му, тој почнал да офка: Росо аман, Росо аман...Оттогаш, сите трговци, кога се договарале каде да се чекаат, на шега велеле „кај Росо аман“ и така местото го добило името Росоман.
Според друга легенда, си била една убава девојка Роса, која сакале да ја потурчат. Не сакајќи да го прифати тоа, таа се фрлила во Црна Река и според нејзиното име, местото било наречено Росоман.
Постои и трета легенда, според која, најголемиот недостаток (маана) на Росоманското поле е росата, која често ги зафаќа ливадите. Оттука, со спојување на именките роса и маана настанало името Росоман.[3]
Географија и местоположба
Росоман е село коешто се наоѓа во Росоманското Поле, по долното течение на Црна Река, на надморска височина од 140 метри. Низ Росоман поминува патниот правец Р-106 кој, преку Прилеп и Битола води за Охрид, а до сите населби постојат локални асфалтирани патишта кои водат за Скопје. Селото се наоѓа 14 километри северозападно од Кавадарци, 22 км западно од Неготино и 32 километри јужно од Велес.
Историја
Антика
Местото е населено уште од римско време, за што сведочат остатоците од населба во наоѓалиштето Савова Чешма недалеку од селските гробишта.
Во Отоманското Царство
За време на Отоманското Царство, во близината на Росоман се наоѓало едно од двете речни пристаништа во Македонија. Од пристаништето во Росоман се превезувале земјоделски производи до Солун, а во Росоман имало и барутарница. Пристаништето било најактивно во втората половина на XIX век, кога Росоман бил означуван како „варошица“, со полуградски тип, бидејќи во него имало чаршија со дуќани. Значењето на Росоман започнало да опаѓа со изградбата на железничката пруга од Солун до Скопје во 1873 година, а особено по 1888 година, кога била изградена пругата кон Србија. Иако со послаба активност, пристаништето функционирало до 1912 година.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 600 Македонци.[6]
Росоман е големо тиквешко село, кое што во 1961 година имало 1.480 жители, а во 1994 година 2.489 жители, од кои 2.027 биле Македонци, 9 Роми, 334 Срби и 119 други.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото имало 2.554 жители и 758 домаќинства. Во него живееле 2.285 Македонци, 2 Роми, 238 Срби и 29 останати.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.553 жители, од кои 2.285 Македонци, 2 Албанци, 21 Ром, 4 Власи, 169 Срби, 16 останати и 56 лица без податоци.[8]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[9]
Година
Македонци
Албанци
Турци
Роми
Власи
Срби
Бошњаци
Ост.
Лица без под.
Вкупно
1948
—
—
—
—
—
—
—
—
—
1.247
1953
461
3
761
—
—
241
...
20
—
1.486
1961
888
—
14
...
...
237
...
341
—
1.480
1971
1.274
7
12
—
...
351
...
270
—
1.914
1981
1.777
—
—
8
—
337
...
280
—
2.402
1991
1.944
—
—
12
—
245
...
270
—
2.471
1994
2.027
—
—
9
—
334
...
119
—
2.489
2002
2.285
—
—
2
—
238
—
29
—
2.554
2021
2.285
2
—
21
4
169
—
16
56
2.553
Родови
Росоман било македонско муслиманско село, сега е доминанто православно село.
Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото:
Доселеници:Берберовци (9 к.) порано наречени Јуруковци, доселени се од јуручкиот предел, по потекло Јуруци; Хукачевци (6 к.) доселени се од Манастирец на почетокот од 19 век; Асанчевци (8 к.) доселени во 1840 година од селото Дуброво; Муаџировци (2 к.) доселени во 1878 година од Врање во Србија; Пундевци (1 к.) доселени во 1902 година од селото Долни Дисан; Дашковци-Чамевци (1 к.) доселени во 1913 година од Долни Дисан, а таму во 18 век од раселеното село Раштани.[10]
Општествени установи
Црква „Св. Троица“ - изградена е во 1990 година, од страна на Иницијативен одбор за градба од селото Росоман. Осветувањето на камен-темелникот го има извршено блажено упокоениот архиепископ г.г. Михаил, како надлежен митрополит во Повардарската епархија. Со помош на митрополитот повардарски г. Агатангел и неговото доаѓање се промениле престолните икони, апостолите, дверите, чиј иконописец е Златко Александарски. Со благослов и помош на митрополитот се направил владички стол во средината на црквата и мал владички стол во олтарот, а исто така, се направил престол за служење, ѓаконик и жртвеник. Олтарниот дел е фрескоживописан од страна на уметникот Светозар. Црквата „Св. Троица“ била осветена на 28 октомври2007 год. од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел.
↑ 3,03,1Светлана Дарудова, „Пругата од Солун за Скопје го затворила пристаништето во Росоман“, Дневник, година XIX, број 5752, вторник, 28 април 2015, стр. 12.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтатАрхивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
↑. Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Раец. Белград. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)