Мрзен Ораовец — село во Општина Росоман , во областа Тиквеш , во околината на градот Кавадарци .
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во Тиквешијата , оддалечено 20 километри западно од Кавадарци и 12 километри југозападно од Росоман .
Историја
Подрачјето на Мрзен Ораовец е населено уште од древномакедонско време , за што сведочат остатоците од утврдената населба Падарница на 2 км југоисточно од селото.[ 2]
Во XIX век селото било дел од Тиквешката каза на Отоманското Царство .
Во селото е пронајден Тиквешкиот зборник , ракописен текст од XVI век.
Стопанство
Население
Население во минатото Година Нас. ±% 1948 429 — 1953 399 −7.0% 1961 301 −24.6% 1971 179 −40.5% 1981 97 −45.8%
Година Нас. ±% 1991 25 −74.2% 1994 14 −44.0% 2002 5 −64.3% 2021 2 −60.0%
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика “) од 1900 година, во Мрзен Ораовец живееле 620 жители, сите Македонци .[ 3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne “), во 1905 година во Мрзен Ораовец имало 480 Македонци , под врховенството на Бугарската егзархија .[ 4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци .[ 5]
Според пописот од 2002 година селото имало само 5 жители, сите Македонци .[ 6]
Според пописот од 2021 година, во селото живееле само 2 жители, сите Македонци .
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година
1900
1905
1948
1953
1961
1971
1981
1991
1994
2002
2021
Население
620
480
429
399
301
179
97
25
14
5
2
Извор за 1900 г. : Македонија. Етнографија и статистика .[ 7] ; за 1905 г. : La Macédoine et sa Population Chrétienne .[ 8] ; за 1948-2002 г. : Државен завод за статистика на РМ .[ 9] ; за 2021 г. : Државен завод за статистика на РМ .[ 10]
Родови
Како родови во Мрзен Ораовец се споменуваат:[ 11]
Староседелци: Ничовци (7 к.), Ицовци (1 к.), Илевци-Чашковци (2 к.), Пашевци (1 к.), Мишевци-Здравевци (4 к.) и Трљичовци (1 к.)
Доселеници: Чочановци (6 к.), Арбовци (2 к.), Ќимовци-Бошковци (9 к.), Миновци (9 к.), Антовци (11 к.) и Тасевци (10 к.) сите овие родови се доселени во XVIII век од раселеното блиско село Даба . Само на родовите Антовци и Тасевци подалечното потекло им е од Дебарско Анѓушовци (1 к.) доселени се на крајот на XVIII век од околината на Призрен во Косово; Димовци (9 к.) доселени се во XVIII век од селото Радња; Јуруковци (2 к.) доселени се од јуручкиот предел кај Радовиш , од преку Вардар; Ордановци-Анѓелмевци (7 к.) и Симуновци (3 к.) доселени се од селото Житолуп во 1834 година; Сеџовци (1 к.) доселени се од селото Возарци во 1850 година; Мурговци-Мантевци (4 к.) доселени се од селото Сирково околу 1860 година; Филиповци (1 к.) доселени се во 1886 година од селото Сирково .
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 718 според Државната изборна комисија , сместени во просториите на основното училиште на селото Камен Дол .[ 12]
На претседателските избори во 2019 година , на ова избирачко место биле запишани вкупно 69 гласачи.[ 13]
Културни и природни знаменитости
Цркви
Археолошки наоѓалишта
Баток — населба од римско време
Марков Стап — рудник за мермер од римско и доцноантичко време
Падарница — утврдена населба од хеленистичко и римско време
Св. Илија — населба и некропола од доцноантичко време
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“ . Државен завод за статистика . Посетено на 22 декември 2022 .
↑ Грозданов, Цветан ; Коцо, Димче ; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2 . Скопје: МАНУ . стр. 155. ISBN 9989-649-28-6 .
↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр.155
↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 104 – 105.
↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“ .
↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“ . Државен завод за статистика .
↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“ . Државен завод за статистика .
↑ Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец .
↑ „Описи на ИМ“ . Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019 .
↑ „Претседателски избори 2019“ . Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019 .
Надворешни врски
Грбот на Општина Росоман