Сирково е сместено на крајното јужно подножје на планината Клепа, во Тиквешката Котлина. Поточно, населбата се наоѓа во Росоманското Поле, на западниот дел на Општината Росоман, чиј атар се допира со просторот на Општината Градско[2]. Селото е рамничарско, расположено на надморска височина од 300 метри[2]. Атарот зафаќа пространство од 23 км2, на кои обработливото земјиште зазема површина од 1249 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 837 хектари[2].
Историја
Стопанство
Селото Сирково има полјоделско-сточарска функција[2], односно најголемиот дел од населението се занимава со земјоделство и сточарство. Од земјоделството најразвиено е лозаро-овоштарството, односно одгледувањето на винова лоза и особено многу овоштарството со одгледување на пространи и голем дел на новоподгинати овоштарници на праски, круши, цреши, кајсии, сливи и лешници од различни видови. Во Сирково во минатото на големи површини, а денес повторно се возобновува одгледувањето на афион со многу висок квалитет. Од поледелските култури се застапени житарките: пченица и јачмен, градинарските култури: кромид, лук, пипер (различни видови), домати, модар патлиџан, морков, спанаќ, грашок од кои се одгледува и расад за продажба. Од сточарството на горниот крај на селото на подножјето на Клепа постојат штали и бачила во кои се одгледуваат овци, кози и крупен добиток како крави и волови. Дел од населението се занимава и со други дејности во индустријата и фабриките во Кавадарци, Неготино, претпријатија во Росоман, автопревоз и други услужни дејности.
Доселеници:Рамовци (1 к.) доселени кон крајот на 18 век од Јуручкиот предел; Бизевци (7 к.) доселени на почетокот од 19 век од селото Бизевиќ, и овде се исламизирале.[8]
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 717 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Крушевица.[9]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтатАрхивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
↑. Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Раец. Белград. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)