Васил Матев Попоски (1920 во Злести, Охридско — 13 април 1945 во Винковци, Хрватска) македонски партизан, учесник во НОБ.
Животопис
Васил Матев Попоски е роден во селото Злести. По занимање бил земјоделец. Во НОБ стапува на 5 август 1944 година. Како борец на Првата македонска бригада, загинува на Сремскиот фрон кај Винковци, на 13 април 1945 година.[1]
Наводи
- ↑ . Охрид и охридско во борбата против фашизмот. ЗБОРНИК на паднатите борци во народно-ослободителната борба и револуција и жртвите на фашистичкиот терор во Охрид и охридско 1941-1945. Охрид. 1976. CS1-одржување: друго (link)