Лин е населен уште од метално време. Пронајдоците кои се откриени на ридовите над Лин вклучуваат остатоци од ранохристијанска византиска црква, која датира од VI век. Црквата е културен споменик на Албанија и е вклучена во списокот на УНЕСКО за заштита на Охридскиот регион на албанска страна.
Географија
Лин е сместено на мал полуостров на Охридското Езеро, јужно од планинскиот превој и граничен премин Ќафасан. Оддалечено е 22 км од градот Поградец, и околу 10 км од Струга. Селото Радожда на другата страна на границата е најблиската населба до Лин.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лин е претставен како мешано македонско-албанско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 70 куќи.[1]