На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Долно Сочани (Средореци) е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 4 куќи.[5]
Во 1953 и 1961 година, бројот на жители во селото бил пресметан во вкупното население на блиското село Горно Средоречие.[заб 1]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 57 жители, сите Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 43 жители, од кои 37 Македонци и 6 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Долно Средоречие е македонско православно село. Селото е младо по постанок, настанато е средината на XIX век кога е настанато и Горно Средоречие.
Родови во селото се: Цељковци (5 к.) и Циљкановци (5 к.) овие два рода се доселени од селото Белчишта; Ботунци или Мацевци (5 к.) доселени се од селото Ботун, таму имаат истоимени роднини, подалечно потекло имаат од градот Закамен во Струшка Малесија.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1948 година, родови во селото Долно Средоречие се:
Староседелци: Циљкановци или Ѓулевци (7 к.), по преданието тие живееле во атарот на селото, но кога Турците го претвориле селото во чифлик, се иселиле, од каде Циљковци се иселиле во Белчишта околу 1840 година, па околу 1890 година се вратиле во Долно Средоречие.
Доселеници: Цељковци или Чакулевци (6 к.), доселени се во 1895 година од селото Горно Средоречие, а таму се доселиле од Издеглавје; Рајчиновци или Петковци (1 к.), доселени се во 1916 година од селото Белчишта, таму припаѓале на истоимениот род; Мацевци (2 к.), доселени се во 1919 година од селото Ботун, каде припаѓале на истоимениот род.[2]
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на проширената Општина Дебрца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото претставувало седиште на некогашната Општина Белчишта.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било во рамките на некогашната Општина Белчишта.
Во периодот 1952-1955, селото дел од тогашната Општина Белчишта, во која покрај селото Долно Средоречие, се наоѓале и селата Белчишта, Ботун, Брежани, Велмеј, Горно Средоречие, Грко Поле, Злести, Лешани, Ново Село, Песочани и Црвена Вода. Во периодот 1950-1952 година, селото Белчишта се наоѓало во некогашната Општина Белчишта, во која влегувале селата Белчишта, Горно Средоречие, Долно Средоречие и Злести.
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 1 октомври 2016.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.
↑Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
Забелешки
↑Податоците за населеното место Долно Средоречие, согласно важечките територијални организации, во пописите од 1953 и 1961 година, се вклучени во податоците за населеното место Горно Средоречие.