Населението вода за пиење добива од изворот наречен Горни кладенец. Тоа е мало место. Селаните викаат „од таму си носиме вода во стомни“. Извори подалеку од селото се: Капиште, Гушец и Бардовци. Атарот околу селото е прилично голем. На него се овие делови, во шумата: Чртојца, Умишта, Капиштец, Гушец, Каљојшта и Опаленик. На обработената земја се следните делови: Бучков мост, Тумби, Гоедаројца, Цер, Митров дол, Зад Голо брдо, Поле и Иконче. Арбиново е со куќи од збиен тип и се дели во 4 маала.[3]
Историја
Селото Арбиново е многу старо село, и не се знае како е настанато, се знае дека е спомнато во пописниот дефтер од Охридскиот Санџак во 1582 година, се наоѓало во нахија Дебрца. За време на Илинденското востание селото било запалено, а Турците убиле неколку селани. За време на издеглавската афера или арбиновската битка од ова село во Дијарбакир биле однесени 14 селани. Тоа биле: Милош Иваноски, Филип Јолески Коњарошки, Миладин Јолески, Темелко Ѓорески, Јоанче Ѓорески, Анастос Анѓелески, Косто Јованоски, Миладин Јованоски, Ристе Трпески, Милош Трпески и Никола Шуканоски.
Атарот зафаќа простор од 7,4 км2. Обработливото земјиште зазема површина од 284,6 ха, на пасиштата отпаѓаат 20,9 ха, а на шумите 336 ха. Селото има полјоделско-шумарска функција. Во него се наоѓа продавница и угостителски објект, како и фабрички погон РЕ „Славеј“ за производство на градежни матери- јали (шупливи блокови и тули).[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Арбино е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 35 куќи.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[8]
Според пописот од 2002 година, во селото Арбиново живееле 26 жители, сите Македонци.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 12 жители, од кои 11 Македонци и 1 лице без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Според истражувањата на Бранислав Русиќво 1948 година родови во селото се
Староседелци:Волкановци (17 куќи) куќите им се наоѓаат на сретсело, слават Св. Петка; Од нив потекнуваат семејствата на Петре Лито, Ристески и Петровски, познати како Тошевци, Караџовци (4 куќи) и Коњаровци (7 куќи) се еден род, и слават Мартинија, куќите им се наоѓаат во Долно Маало; Стамболџиовци (17 куќи) името го добиле по предок кој бил на печалба во Стамбол, слават Св. Петка и куќите им се наоѓаат во Долно Маало; Виловци (6 куќи) живеат во Горно Маало, слават Св. Петка; Ивановци (7 куќи) живеат во Долно Маало, слават Мартинија; Матевци или Смилевци (4 куќи) живеат во Горно Маало, слават Мартинија; Котовци (5 куќи) живеат во Горно Маало, слават Св. Петка; Кршковци (6 куќи) живеат на сретсело, слават Св. Никола; Ќубезијовци (5 куќи) живеат во Долно Маало, слават Мартинија; Радевци (1 куќа) кај нив има доселени домазети од Кршковци, како и Русевци, кои се изумрени по машка линија. живеат во Долно Маало, слават Св. Петка.
Доселеници:Шукановци (4 куќи) доселени се на почетокот од XIX век од некое место во Албанија. Во исто време еден дел од нивниот род се иселил во кичевското село Белица. Живеат во Горно Маало, и слават Петковден.
Роми: Максутоски Тејмур (1 куќа) доселени се 1946 година од Кичево, куќата им е во Долно Маало.[2]
Според истражувањата пак на Јован Трифуноски во 1979 година, родови во селото се (поделени на четири маала):
Во првото маало се родовите: Ставревци, Филиповци и Димовци, потекнуваат од ист предок и сите заедно имаат 9 куќи;
Во второто маало е родот Ѓоревци со 10 куќи, додека во минатото овој род бил многу голем имал околу 50 куќи;
Во третото маало се родовите Митревци и Петковци кои потекнуваат од ист предок и имаат 5 куќи; и
Во четвртото маало се родовите Трпевци и Коњаровци кои потекнуваат од ист предок и имаат 11 куќи.[3]
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на проширената Општина Дебрца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Белчишта.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Белчишта.
Во периодот 1952-1955, селото влегувало во рамките на тогашната Општина Сливово, во која покрај селото Арбиново, се наоѓале и селата Врбјани, Годивје, Лактиње, Мраморец, Сливово и Турје. Во периодот 1950-1952 година, селото Арбиново се наоѓало во некогашната Општина Сливово, во која влегувале селата Арбиново, Мраморец, Сливово и Турје.
Изборно Место
Во селото посто избирачко место бр. 1329 според Државната изборна комисија, кое е сместено во месната заедница С. Арбиново.
Славе Петров Ристески,(Тошески-Лито), учесник во НОАВМ - НОБ, во баталјонот Мирче Ацев, Прва Македонсо-косовска бригада, подоцна Втора Далматинска ударна бригада, награден со орден заслуга за народ.
Коста Иванов — македонски револуционер, заменски војвода
Трајан Петровски — македонски писател и поет.Прв македонски амбасадор
Петре Андрески - Лито Илинденец и учесник на Смилевски конгрес, учесник во Арбиновската битка, печалбар,познат донатор ја изградил црквата Св.Петка, најголем донатор на црква Св.Атанас, помагач на сиромасите, помагал со пари,храна, стока ,сместување на борци во НОАВМ-НОБ
До 1948 година околу 10 семејства се иселиле во Аргентина, потоа Канада (едно семејство), Војводина (едно семејство), Бугарија (пет семејства), САД (едно семејство). Помеѓу двете светски војни иселување имало уште во прилепските села Десово и Вашарејца, во градот Битола, како и во селото Песочани (Коњаровци или Јолевци).[20]
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 11 октомври 2016.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.
↑ 18,018,1Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
↑ 19,019,1Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
↑ 20,020,1Русиќ, Бранислав. Железник-Арилево. Архивски фонд на МАНУ АЕ 97/1а.