Горенци (Охридско)

Горенци
Горенци во рамките на Македонија
Горенци
Местоположба на Горенци во Македонија
Горенци на карта

Карта

Координати 41°11′25″N 20°45′27″E / 41.19028° СГШ; 20.75750° ИГД / 41.19028; 20.75750
Општина  Дебрца
Население 223 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 19012
Надм. вис. 1.077 м
Горенци на општинската карта

Атарот на Горенци во рамките на општината
Горенци на Ризницата

Горенци — село во Општина Дебрца.

Географија и местоположба

Селото Горенци се наоѓа во Струшкото Поле, на 13 км северозападно од Охрид.

Историја

Подрачјето на Горенци е населено барем од римско време, за што сведочи наоѓалиштето Тигари на падина североисточно од селото.[2]

Според податоците од 1873 година, селото имало 37 домаќинства со 87 жители христијани (Македонци) и 16 муслимани.[3] Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 130 жители христијани (Македонци).[4]

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948466—    
1953512+9.9%
1961589+15.0%
1971605+2.7%
1981610+0.8%
ГодинаНас.±%
1991485−20.5%
1994369−23.9%
2002316−14.4%
2021223−29.4%

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Горенци е претставено како мешано македонско-албанско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци и 150 Албанци.[6]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото имало 316 жители, од кои 169 Македонци, 145 Албанци и 2 останати.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 223 жители, од кои 87 Македонци, 57 Албанци, 2 Бошњаци, 2 останати и 75 лица без податоци.[8]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[9]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 466
1953 276 234 2 512
1961 312 277 589
1971 316 283 1 5 605
1981 365 192 53 610
1991 304 181 485
1994 220 149 369
2002 169 145 2 316
2021 87 57 2 2 75 223

Родови

Горенци е мешано македонско православно и албанско муслиманско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите, родови во селото биле:

Македонски

  • Староседелци: Секуловци или Скоклевци (4 к.) и Даскаловци (1 к.)
  • Доселеници: Ситниковци (12 к.) они се многу стари доселеници во селото. И не знаат од каде точно дошол основачот на родот; Ѓоковци или Тодоровци (6 к.) доселени се одамна однекаде; Чолевци или Наумовци (5 к.) биле на чифлиците во Мислешево, Оровник, Требеништа. Некои и во Романија. Мислат дека потекнуваат од селото Куратица; Брмбовци со Наумовци и Николовци (3 к.) доселени се од Дебрца. Не знаат точно дали се од Белчишта или Велмеј; Колмановци (1 к.) основачот на родот се доселил однекаде. Али по машка линија овој род е изумрен. Па него го продолжил домазет доселен од селото Косел; Лабовци (1 к.) доселени се од селото Мешеишта; Мацковци или Илчевци (3 к.) доселени се од селото Волино; Ивановци (2 к.) исто така од Волино.

Албански

  • Стари: Куртовци (3 к.), Тајревци или Јајовци (4 к.), Тајровци (1 к.), Асановци и Суловци (3 к.), Мустафовци (2 к.) и Лутишовци (1 к.) за овие родови се збори, а посебно за Куртовци и Тајровци/Јајовци дека во минатото го говореле само македонскиот јазик. Почнале да склучуваат брачни врски со Албанците од струшките села, па брзо го заборавиле јазикот. Во родот Куртовци живееле браќата Рамадан и Бајрам кои меѓу себе говореле на македонски.
  • Доселеници: Исовци (7 к.) доселени се од селото Мислодежда; Салиовци (6 к.) доселени се од селото Поум; Аџиовци (2 к.) исто така од Поум; Бургазовци (4 к.) одамна се овде. Не знаат точно дали се доселени од Бургас во Бугарија. Или името го добиле затоа што оделе на печалба во Бургас; Ајдаровци (1 к.) и Хоџа Бејто Муарем (1 к.) доселени се од селото Песочани; Мино (1 к.) он е Ром ковач. Во Горенци дошол од Лактиње. Подалечното потекло непознато.[10]

Според истражувањата од 1977 година, родови во селото:

Македонски родови се: Ситниковци (8 к.), најстар род во селото; Ивановци (2 к.) по старост се втори во селото, доселени се од селото Волино; Петревци (1 к.) трет најстар род во селото; Чолевци (11 к.) доселени се од селото Куратица во овој род се знае следното родословие: Лазо (жив на 42 г. во 1980 година) Ристо-Косто понатамошните предци не ги знаат; Николовци (3 к.) и Андреевци (2 к.) доселени се од дебрчкото село Велмеј; Скокљевци (9 к.), Мицковци (3 к.), Климовци (6 к.), Тодоровци (5 к.), Блажевци (2 к.), Стојчевци (2 к.) и Крстановци (2 к.) се со непознато место на старина; Петревци (1 к.) потекнуваат од домазет кој дошол од селото Косељ.

Албански родови се: Таировци (7 к.); Бајрамовци (3 к.); Бељуљовци (2 к.) и Мустафовци (1 к.), четирите најстари албански родови во селото, само во родот Бељуљовци порано домашен јазик бил турскиот; Биба (10 к.) доселени се од селото Поум, таму имаат истоимени роднини, подалечно потекло од селото Бибање во околината на Пешкопеја го знаат следното родословие: Илмија (жив на 70 г. во 1980 година) Демир-Асан во селото Горенци се доселил споменатиот Демир; Дервишовци (3 к.) името го добиле по предокот Дервиш, овде се доселени од наведениот Поум, таму имаат истоимени роднини, подалечно потекло им е од околината на Скадар, од Скадар отишле најпрво во областа Мат, па од таму во Поум, го знаат следното родословие: Велија (жив на 86 г. во 1980 година) Амет-Љатим-Бајрам-Амет-Дервиш во селото Горенци дошол Љатив, додека Бајрам дошол во Поум; Исе (7 к.) доселени се од селото Мислодежда, подалечно потекло од околината на Пешкопеја и Бургад (6 к.) доселени се од охридското село Велестово, потекнуваат од Торбеш, порано куќниот јазик во овој род бил македонскиот, името на родот настанал по предокот Бајрам кој одел на „гурбет“ во Бургас.[11]

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1344 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на објект на поранешна "охридска трговија".[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 302 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости

Цркви[15]
Археолошки наоѓалишта[2]

Личности

Поврзано

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 245-246. ISBN 9989-649-28-6.
  3. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.102-103.
  4. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.253
  5. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 31.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
  10. Русиќ, Бранислав. Струшко Поле-Волино. Архивски фонд на МАНУ АЕ 88/1.
  11. Трифуноски, Јован Ф. (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Српска академија наука и уметности. ISBN 86-7025-158-2. OCLC 27418468.
  12. „За училиштето“. македонски: ОУ „Дебрца“ - Белчишта. Архивирано од изворникот на 2016-08-25. Посетено на 22 август 2016.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Охридско архијерејско намесништво“. Дебарско-кичевска епархија. Посетено на 17 март 2014.

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!