Питу Гули

Питу Гули
Роден 1865
Крушево, Македонија
(денес Македонија)
Починал 1903
Мечкин Камен, Крушево, Македонија

Питу Гули (186512 август 1903) — македонски револуционер со влашко потекло, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Животопис

Современици сведочат дека Питу Гули имал завршено само две одделенија основно училиште и дека во младоста бил овчар, крчмар, гостилничар, заточеник и комита. По раната смрт на таткото, мајка му го главила да работи кај богатиот трговец и сточар Манду во Кочани. По некое време, како и многумина други крушевчани, во потрага по подобра егзистенција, се нашол меѓу македонските печалбари во Софија. Годината на раѓањето на Гули се изведува од сведоштвата за неговото влегување во четата на Адам Калмиков. Неколкумина современици тврдат дека во 1885 година тој бил на дваесетгодишна возраст, така што може да се прифати дека Питу Гули е роден во 1865 година. Тој бил врсник на Пере Тошев и Ѓорче Петров, а на Мечкин Камен загинал на 38-годишна возраст.

Во 1895 или 1896 година, Гули се оженил со крушевчанката Евгенија, ќерка на сточар од Крушево. Во бракот со Евгенија тие имале четири деца - тројца синови и ќерката Флора. Академик Манол Пандевски потенцира дека набргу по загинувањето, петчленото семејство на Питу се распаднало. Една година по смрта на Гули, умрела жена му од туберкулоза. Четирите деца одраснале во сиропиталиште во Битола. Нивната ќерка Фрлора умрела млада по ампутација на едната нога. Ташко Гулев (Шула Гули) загинал во 1913 година во редовите на Македонско-одринските доброволни чети во рамките на бугарската армија, Никола Гулев (Лакја Гули), кој бил еден од најверните помагачи на Тодор Александров, бил убиен од Србите во 1924 година, а Стерјо Гулев, кој бил соработник на бугарската полиција, се самоубил по влегување на партизаните во Крушево, во 1944 година.

Револуционерна дејност

Калмиковата чета се формирала во Ќустендил, а се состоела од 120 четници, чија главнина дошла од Софија. Со неа дошол и Питу Гули. Префрлањето преку границата станало во две групи, ноќта на 18 спроти 19 мај 1885. По влегувањето во Македонија, четата се движела во јужна насока - преку Осогово, Пијанец, Голак, Плачковица, Радовишко и Плауш кон Демир Капија. Во Радовишко четата била откриена. Против неа излегле потерни единици, составени од турска војска и башибозуци. Останувајќи без водичи и врски, четата изгубила ориентација, а преминот на Вардар кај селото Градец бил чуван од бројна аскерска единица.

Заробените востаници во Солун биле држани неколку месеци во затворот Беаз Куле (Белата Кула), којашто и денес стои до самиот морски брег. Востаниците добиле по десет години затвор, освен Ташко од Лазарополе, кој затоа што изјавил дека тие дошле да се бијат за ослободувањето на Македонија добил 15 години.

Судот го одредил затворот на градот Аргале Маден за место на издржувањето, оддалечен два дена пешачење на исток од Дијарбекир. Поаѓајќи со брод од Солун, изврзани еден со друг со синџири од по седум алки. Целото патување од Солун до Аргале Маден траело три и пол месеци, од 19 декември 1885 до 28 март 1886 година.

Во Македонската револуционерна организација

Питу Гули (во средината) со Миту Мучитанов (лево) и Петар Љавра (десно)

Питу Гули се вратил во родниот крај во годината на основањето на Македонската револуционерна организацијакојашто само по две години ќе почне да ја разгранува својата мрежа и во Крушевско. Се спријателил со семејството Зердевци кои држеле гостилница во Кичево. Питу Гули, пак во тие години и во Крушево отворил кафеанче во месноста Ќошкот, кај Влашка Корија. Зачленет во Организацијата меанчето го претворил во јатак за организационата чета на Дуко Тасев, другарот од заточеништво. Преку него крушевската организација ги одржувала врските со четите на Организацијата. Питу Гули повторно оди како печалбар и емигрант во Софија кон 1900 година. И во Софија, на периферијата од градот, Питу држел скромна гостилница која станала сврталиште на македонските емигранти и комити, во прв ред, од Крушевско, Кичевско, Прилепско, Демирхисарско. Питу Гули во Софија останал до март 1903 година, кога по вторпат, сега веќе како војвода на чета, тргнал за Крушевско.

Илинденско востание

Знамето на Третиот крушевски одред и знаме на Крушевската Република.

По пристигнувањето во родниот крај Питу Гули наеднаш бил вброен меѓу командниот кадар и вклучен во војводското тело на Крушевскиот востанички реон. Сите биле максимално ангажирани во подготовките на востанието, а за Питу ги обиколувал селата. Неговиот одред бил најмногуброен. Тој од селата ја собрал и селската милиција, па одредот на почетокот броел околу 350 луѓе. На Втори август утрината Питу пред сите востаници одржал говор, наспомнувајќи им ја заклетвата и барајќи строго извршување на наредбите од претпоставените старешини. Веднаш по преземањето на градот, Питу Гули демонстративно ја искажал својата гордост и радоста од постигнатиот успех. Јавнат на бел ждребец, облечен во запленета беговска срмена облека, тој одел на чело на одредот, следен од знаменосецот Ѓорѓи Димев, со развеано знаме. Утрото на 12 август Бахтијар паша го испратил фатениот Крушевчанец Коста Њику Баждавела во својство на парламентарец кај востаниците со порака да се предадат на милоста на султанот. Заедно со пораката дошол и ултиматумот дека доколку не се предадете и не наведнете глави, градот ќе го бомбардирам и запалам, додавајќи дека тој го смирил Косово и е кадарен да го смири Крушево. Иако постоело колебање во Штабот, конечното решение гласело градот да се брани, а на војводите им била испратена наредба секој да остане на своите позиции. Наум Томалевски знае дека Питу на последното советување во Штабот решително го отфрлил предлогот за предавање на градот, изјавувајќи дека тргнува кај четата за да се бие и да ги брани честа и градот.

Битката кај Мечкин камен

Тој добил известување дека турскиот аскер наидува од три правци, така што морал да ја поведе четата кон Мечкин Камен. Пред конечниот распоред на бојното поле војводата, со кратка реч ги окуражил борците, строго наредувајќи им никој да не отстапува од своето место, а стрелбата да ја почнат само откако ќе го чујат истрелот од неговата пушка. Еден од учесниците во битката убаво се сеќава:

Питу Гули со четата, дел од споменикот Лавови на мостот Гоце Делчев во Скопје
Споменикот на Питу Гули во Скопје
Потоа Ѓорѓи знаменосецот го раздипли свиленото црвено знаме и го забоде во земјата близу до себе и до двајцата свои наследници - знаменосци. Ја изгореа сета архива, се испрегрнавме и избацивме и фативме позиции во каменестото место. Питу беше во средината. Чекавме да наближат Турците. По сигналот од војничка труба, непријателот тргнал во жесток јуриш, но бил запрен од плотуните на востаничките пушки и бомби [1]

Томалевски запишал:

Турската колона кај Трстеник и Врбовец се појави зад грбот на четата, која веќе е блокирана скоро од сите страни. Страшен бој. Дојдовме на 5-10 метри, потем на 2-3 чекори и најпосле се измешавме со Турците... Не можевме да се служиме со пушките, зашто недостасуваа фишеци, а и затоа што тетовките и грчките пушки се прегреаја и не ги исфрлаа куршумите. Приквечер борбата престана, зашто Мечкин Камен беше покриен со мртви и тешко ранети четници на коишто никој не можеше да им помогне. Турците не запреа, туку со брз марш го продолжија своето настапување кон градот. Четници, башибозуци и турски војници лежеа мртви и ранети еден до друг. Дури утредента, по конечното освојување на градот, Мечкин Камен повторно поцрне од војници. Дојдоа да ги доубијат нашите ранети, да ги ограбат и да ги погребат своите [1]

Питу Гули во народното творештво

  • „Песна за Питу Гулев“ — македонска народна песна.[2]

Галерија

Наводи

  1. 1,0 1,1 Последниот бранител на републиката
  2. Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 114-115.

Read other articles:

Jacob Barrett LaursenDatos personalesNacimiento Arden, Jutlandia Septentrional17 de noviembre de 1994 (29 años)País DinamarcaNacionalidad(es) DanesaAltura 1,80 m (5′ 11″)Carrera deportivaDeporte FútbolClub profesionalDebut deportivo 2013(OB)Club BK HäckenLiga AllsvenskanPosición DefensaTrayectoria → OB (2013-2020) Arminia Bielefeld (2020-2022) Standard de Lieja (2022-2023) BK Häcken (2023-) Nota: → indica que estuvo en condición de préstamo.[editar datos en Wikidata&...

 

RijsttafelAcara rijsttafel kecil di sebuah pesta di BelandaNama lainRice tableSajianHidangan utamaTempat asalHindia Belanda (Abad 19-awal abad 20 Indonesia)Dibuat olehMasyarakat kolonial IndonesiaSuhu penyajianPanas atau suhu kamarBahan utamaNasi dengan aneka hidangan sampingVariasiNasi campur, Nasi Rames (Indo)Informasi lainlebih merupakan sebuah pesta mewah daripada sebuah hidangan, populer di Belanda  Media: Rijsttafel Foto bersama di kala menikmati rijsttafel Rijsttafel (dibaca r...

 

Pour des articles plus généraux, voir Patinage de vitesse sur piste courte aux Jeux olympiques et Jeux olympiques d'hiver de 1992. Patinage de vitesse sur piste courte aux Jeux olympiques de 1992 Généralités Sport Patinage de vitesse sur piste courte Organisateur(s) CIO et ISU Édition 1re Lieu(x) Albertville, France Date Du 18 février 1992 au 22 février 1992 Nations 16 Participants 86 Épreuves 4 Site(s) Halle olympique, Albertville, France Palmarès Plus titré(s) Corée du Sud (2) P...

Academia de Samba da Zona Norte Fundação 2006 (17 anos)[1] Cores Amarelo, Vermelho, Azul e Branco Símbolo Arara Bairro Campina[2] Presidente José Alberto da Silva Rodrigues[3] Desfile de 2017 Academia de Samba da Zona Norte é uma escola de samba da cidade de São Leopoldo no Rio Grande do Sul, Brasil. História A Academia de Samba da Zona Norte foi fundada com o objetivo de agregar toda a comunidade da Zona Norte da cidade à cultura do samba e do carnaval, já que a escola é t...

 

Imagen de Lower Manhattan el 11 de septiembre de 2001 vista de la Estación Espacial Internacional. El intenso humo podía verse desde satélite. Los efectos en la salud derivados de los ataques del 11 de septiembre de 2001 en Nueva York se refiere a las enfermedades, daños y secuelas ocasionadas en sobrevivientes los atentados terroristas. A los pocos segundos del colapso del World Trade Center; los materiales de construcción, los equipos electrónicos y los muebles fueron pulverizados y e...

 

Kirkcudbright Localidad KirkcudbrightLocalización de Kirkcudbright en Dumfries and Galloway KirkcudbrightLocalización de Kirkcudbright en EscociaCoordenadas 54°50′07″N 4°03′06″O / 54.835277777778, -4.0516666666667Entidad Localidad • País  Reino Unido • Nación constituyente  Escocia • Región Dumfries and Galloway • Condado KirkcudbrightshirePoblación (2001.)   • Total 3447 hab.Huso horario UTC±00:00Có...

Private university in Sunway City, Malaysia This article needs additional citations for verification. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: Sunway University – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (November 2013) (Learn how and when to remove this template message) Sunway UniversityUniversiti Sunway (Malay)Former namesSunway University College...

 

Kids TVLogo Kids TVDiluncurkan22 Juni 2013JaringanMNC ChannelsPemilikMNC Sky Vision (2010-2019)MNC Vision Networks (2019-sekarang)NegaraIndonesiaBahasaIndonesiaInggrisKantor pusatKirim ke redaksi MNC Kids, Jl. Raya Perjuangan No.1, Kebon Jeruk, Jakarta Barat, IndonesiaNama sebelumnyaMNC Kids (2013-2015)Kids Channel (2015-2020)Saluran seindukRCTIMNCTVGTViNewsIDX ChannelBesmartSLCMuslim TVOKTVSitus webwww.mncchannels.com/micro/Kids-TV Kids TV adalah saluran televisi di Indonesia yang dimiliki o...

 

Владислав-Фрідріх Кеттлер Принц Курляндії і Семигалії 14 грудня 1647 — 31 березня 1648   Народження: 14 грудня 1647(1647-12-14)Мітава, Семигалія Смерть: 31 березня 1648(1648-03-31)Мітава, Семигалія Національність: німець Релігія: лютеранин Рід: Кеттлери Батько: Яків Кеттлер Владисла́в-...

В статье не хватает ссылок на источники (см. рекомендации по поиску). Информация должна быть проверяема, иначе она может быть удалена. Вы можете отредактировать статью, добавив ссылки на авторитетные источники в виде сносок. (18 августа 2012) Таня Гунадиангл. Tania Gunadi Дата ...

 

Failure of a lens to focus all colors on the same point Not to be confused with Chromosome aberration. Focal length of lens varies with the color of light Photographic example showing high quality lens (top) compared to lower quality model exhibiting transverse chromatic aberration (seen as a blur and a rainbow edge in areas of contrast) In optics, chromatic aberration (CA), also called chromatic distortion and spherochromatism, is a failure of a lens to focus all colors to the same point. ...

 

2000 biopic about the Three Stooges The Three StoogesThe Three Stooges posterBased onFrom Amalgamated Morons to American Icons: The Three Stooges by Michael FlemingWritten byJanet RoachKirk EllisStory byJanet RoachDirected byJames FrawleyStarringPaul Ben-VictorEvan HandlerJohn KassirMichael ChiklisTheme music composerPatrick WilliamsCountry of originUnited StatesOriginal languageEnglishProductionProducersJim Lemley, Mel GibsonCinematographyRobert DraperEditorScott VickreyRunning time88 minute...

This article does not cite any sources. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: Erik Santos discography – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (June 2019) (Learn how and when to remove this template message) Erik Santos discographySantos performing on a concert in Chicago in 2008Studio albums5Compilation albums1Music videos18EPs1Singles26 The discogr...

 

В другом языковом разделе есть более полная статья GNU TeXmacs (англ.). Вы можете помочь проекту, расширив текущую статью с помощью перевода GNU TeXmacs TeXmacs в Slackware 12 Тип текстовый редактор, пакет GNU[d] и исследовательский проект[d] Автор Joris van der Hoeven[d] Разработчик Проект GNU Нап...

 

Australian actor Ken JamesBorn (1948-11-16) 16 November 1948 (age 75)Sydney, New South Wales, AustraliaNationalityAustralianOccupationActorYears active1964-2000Height178 cm (5 ft 10 in)PartnerRosemarie StuhlenerWebsitewww.kenjames.com.au Ken James (born 16 November 1948) is an Australian actor and celebrity chef. He is most widely known to Australian and international audiences as Sonny's older brother Mark Hammond in the 1960s children's TV show, Skippy.[1] S...

The Conservatorio de música del Estado de Puebla, also known as Benemérito Conservatorio de música del Estado de Puebla, is an institution of music education that is located in the city of Puebla. The conservatory was founded on October 22, 1916.[1] History Music has been an important aspect for the City of Puebla since colonial times. On October 22, 1916, the city's Conservatory was founded, as an initiative of the composer Carlos Samaniego and Juan B. Cervantes, the latter being ...

 

1994 Japanese filmGhost PubFilm posterDirected byTakayoshi WatanabeStarringKenichi Hagiwara Shigeru Muroi Tomoko YamaguchiRelease date1994CountryJapanLanguageJapanese Ghost Pub (居酒屋ゆうれい, Izakaya Yūrei) is a 1994 Japanese film directed by Takayoshi Watanabe.[1][2] Cast Kenichi Hagiwara : Sotaro Shigeru Muroi : Sizuko Nobuo Yana : Uoharu Tomoko Yamaguchi : Satoko Etsushi Toyokawa : Sugimoto Hidetoshi Nishijima : Koichi Reception 19th ...

 

Puerto Rican politician In this Spanish name, the first or paternal surname is Grillasca and the second or maternal family name is Salas. Andrés Grillasca SalasMayor Andrés Grillasca Salas122nd Mayor of Ponce, Puerto RicoIn office2 January 1941 – 9 May 1956[1]Preceded byJosé Tormos DiegoSucceeded byJosé Dapena Laguna Personal detailsBorn6 January 1888[2]Adjuntas, Puerto RicoDied19 December 1973(1973-12-19) (aged 85)[3]Ponce, Puerto RicoS...

معهد الكونسرفتوار (كاليفورنيا) معلومات التأسيس 1969  الموقع الجغرافي البلد الولايات المتحدة  إحصاءات الموقع الموقع الرسمي  تعديل مصدري - تعديل   معهد الكونسرفتوار هو معهد في كاليفورنيا يُعنى بتدريس الموسيقى.[1] وبه العديد من التخصصات. قسم البيانو • الاختصاص – ...

 

This article does not cite any sources. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: You Taizhong – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (May 2016) (Learn how and when to remove this template message) You Taizhong尤太忠You in 1955Commander of the Guangzhou Military RegionIn officeOctober 1982 – December 1987Preceded byWu Kehua [zh&#...

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!