Стерјо Гулев

Стерјо Гулев (р. 1902 во Крушево) — најмладиот син на војводата Питу Гули.

Животопис

Стерјо Гулев е роден во 1902 година во градот Крушево, тогаш во Отоманското Царство, во семејството на познатиот Питу Гули - Влав по потекло, војвода на ВМОРО и херој од Крушовската република за време на Илинденското востание. Негови браќа се Ташко Гулев и Никола Гулев.

Во периодот на Втората светска војна (1941-1944), соработува со бугарската полиција и e избран за кмет (градоначелник) во крушевското село Алданци. Бугарските власти, како и во повеќе други слични случаи, го искористиле името и презимето на Стерју Гули и неговиот углед кај Македонците, па дозволиле тој да биде поставен за кмет.[1][2]

Постојат одредени контроверзи дека тој бил убиен на 6 октомври 1944 година, откако Крушево било заземено од комунистите. Сепак, најновите истражувања покажуваат дека најверојатно станува збор за самоубиство.

Стерјо имал две ќерки - Евгенија и Елена, и син Кочо кој живее во Крушево.[3]

Наводи

  1. Интервју со Елена Наумоска-Гули за „Фокус“: „Се лажат Македонците ако мислат дека власта се менува со ливче и со гласање“[мртва врска], 5 септември 2003 г.
  2. Ѓорѓи Малковски, „Профашистичките и колаборационистичките организации и групи во Македонија 1941– 1944“, Скопје, 1995 г., стр. 75, 167.
  3. „Рушење на митовите на пропагандата: кој го уби Стерјо Гули?“. МКД.мк. Архивирано од изворникот на 2019-11-28. Посетено на 2019-11-28.

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!