Смиле Војданов e роден во охридското село Лактиње (сега во општина Дебрца). Рано го напуштил школувањето и му се приклучил на македонското ослободително движење во 1897 година.[1]
По задушувањето на Илинденското востание, Смиле Војданов не се откажува од идејата за независна македонска држава. Својата борба ја продолжува во Северна Америка, каде долги години ќе биде еден од главните организатори на македонските емигранти во САД и Канада.[1]
Во куќата на Смиле Војданов во градот Понтијак, во државата Мичиген, во 1929 година е формирана првата независна македонска група.[2]
По формирањето на повеќе вакви групи во различни градови на САД, на 22 и 23 март 1930 во градот Толедо (Охајо) беше одржана Првата конференција на македонските независни групи. Тогаш Смиле Војданов е избран за претседател на централното раководно тело.[2]
Бил активен член на Американскиот славјански комитет, основан за време на Втората светска војна (1941-1945 година), со цел да испраќа помош за Македонија, како дел од тогашна Југославија.[1] По Втората светска војна го поздравува формирањето на Македонската република и се вклучува во испраќањето хуманитарна помош за татковината.[2] Тој е еден од иницијаторите за изградбата на Медицинскиот клинички центар во Скопје.[1]
↑ 2,02,12,2Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 27.