Петко Пенчев бил револуционер од Бугарија, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација, по војните се занимавал со политика и новинарство во Бугарија.
Во 1905 година Пенчев бил избран за член на Серскиот окружен револуционерен комитет. Постепено се оддалечувал од Серската група и станал близок до погледите на Даме Груев, Христо Матов и Иван Гарванов.
По Рилскиот конгрес, Петко Пенчев отворено го нападнал Јане Сандански и неговата група. Од 1906 година во Штип, Пенчев е уредник на весникот "Револуција", а во 1907-1908 година, заедно со Пејо Јаворов и Васил Пасков, го уредувал весникот "Илинден". Автор е на книгата "За нашите спорни прашања", издадена во Софија, 1906 година. На Ќустендилскиот конгрес, Пенчев е избран за член на Централниот комитет, заедно со Павле Христов и Ефрем Чучков. Во 1911 - 1912 година пишувал во весникот "Вардар".
По војните, се оддал на општествена и новинарска дејност. За кратко претседавал со друштвото на софиските новинари. Бил избран за пратеник во Бугарското народното собрание како претставник на Демократската партија. Потоа бил директор е на весникот "Прјапорец" (1898-1932) и "Знаме" (1924-1934). Уредник е на "Демократска Зговорот" (1923-1932). Подоцна преминал во редовите на "Звено" и го уредувал весникот "Изгрејсонце" (1932-1934). Во периодт меѓу 1931 - 1934 година бил претседател на Друштвото на софиските новинари, а во перидот меѓу 1944 - 1945 година на Сојузот на бугарските новинари [3][4].
Извори
↑„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 546.
↑Гоцев, Димитър. Национално-освободителната борба в Македония 1912 - 1915, Издателство на БАН, София, 1981, стр. 21.
↑Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 126.