Кирил Лозанчев — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.
Животопис
Лозанчев e роден 1873 година во Битола, во Османлиското Царство. Брат е на Анастас Лозанчев. Кирил Лозанчев работи како трговец. Избран е за член на Битолскиот околиски комитет на ВМОРО во 1901 година. Нападнат е во Солун од грчки терористи во март 1905 година, но успева да се спаси. Истата година Лозанчев е уапсен и е осуден на 3 години затвор. Лежи во Битолскиот затвор до март 1907 година, кога е амнестира.
Кирил Лозанчев умира во 1950 година во Битола [1].
Извори
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 94.