Христо Делчев е роден 1885 година во Кукуш, тогаш во Отоманското Царство. Четврт по големина син на Никола Делчев и Султан Делчева, а негови браќа се Гоце, Димитар и Милан Делчев. Завршил гимназија во Кукуш. Работел како продавач на манифактура. Влегува во Организацијата и станал член на Кукушкиот револуционерен комитет.
При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година, Христо Делчев бил доброволец во Македонско-одринското ополчение и служел во Кукушко чета при 15 Штипска дружина[1]. По Втората балканска војна, Делчев учествувал во создавањето на ВМРО и бил војвода во Кукушко. Во 1915 година земал учество во Валандовската акција[2].
Христо Делчев, оженет со три деца, се преселил да живее во Горна Џумаја, со него подоцна живеел и неговиот татко Никола [3]. Христо Делчев умрел во 1927 година [4].
Извори
↑Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 203.
↑Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 44.