Заради револуционерна дејност е избркан од гимназијата, а по солунските атентати е фатен и осуден на смрт, но бидејќи не бил полнолетен, казната е заменета со 101 години затвор.
Во периодот 1906 - 1909 година е учител во село Емине (денес Емона), Бургаско, село Заноге, Софииско, и директор на училиштето во село Грамада. 1909 година дипломирал на Правниот факултет на Загрепскиот универзитет.
Учествува на првата балканска социалдемократска конференција 1909 година во Белград. Од 1913 година живее во Струмица, каде што работел како адвокат.
Бил главен организатор на БКП во овој реон и член на нејзиното раководство (1920-1923). Учествува во организирањето на Септемвриското востание, но поради тешко заболување не можел да се приклучи кон Горноџумајскиот востанички одред, што отишол како подкрепа на востаниците во Дупница.
Од 23.09.1923 е под домашен притвор сѐ до 9 октомври1923. Преку ноќта неизвесни лица (најверојатно терористи на ВМРО (Автономистичка) под раководство на Тодор Александров[1], ја разоружувале стражата, навлегле во куќата и го убиле Ајдински пред неговиот дом.
Според друга верзија тој бил извлечен од неговиот дом и обесен во градот, само поради тоа што се држел цврсто до идеите на Гоце Делчев за слободата на Македонија.[3]
Извори
↑ 1,01,11,2Киселиновски и др., д-р Стојан (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 196. ISBN9989-624-46-1.