Крсто Лазаров Иванов (познат и како Коњушки, Коњушкин, Крсто Кумановски или Ставре)[1] — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.[2] Тој бил верен заговорник на бугарската кауза за Македонија.[3] Од 1905 до 1931 година бил кумановски околиски војвода и водел борба против српската пропаганда во Македонија,[2] како и против македонските организации кои се залагале за посебноста на македонскиот народ.[4]
За време на Балканските војни и Првата светска војна, војува за воспоставување бугарска власт во Македонија.[3][6] Во 1911 година, Кумановскиот револуционер и борец за слобода на македонскиот народ, Јордан Бесник заминал дури во Софија, лично да ги провери ставовите на Крсто Лазаров-Коњушки и чии наредби тој исполнувал. Таму дошло до жестоки расправии меѓу него и врховистите, кои му објасниле дека треба да се агитира за голема Бугарија, на што одбил секаква соработка со нив и нивниот послушник Крсто Лазаров и неговата бугарофилска чета.[4] Од 1919 до 1931 година е кумановски околиски војвода, член на Ванчомихајловистичката ВМРО и водел борба против српската власт.
Кон крајот на 1944 година или во јануари 1945 година, како соработник на бугарскиот окупатор, заедно со уште 50-тина души, се убиени без суд и закопани без трага во Кумановско[9] од македонските државни органи.[6]
Литература
Христо Калајџиев, Крсто Лазаров, Крум Петишев, Атанас Џолев, Мирчо Кикиритков, „Спомени: премрежињата на македонското револуционерно движење“, „Македонска книга“, Скопје, 2002, 2003.
„За контраверзите и премрежјата на еден војвода: (борбата на Крсто Лазаров Коњушки)“, „Корени“, Год. 9, бр. 33/34 (март/јуни 2010), стр. 5357-5359.