15 јануари — 15-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 350 денови до крајот на годината (351 во престапна).
Настани:
1945
|
Во Скопје почна дводневна Прва земска конференција на ветеринарните лекари во Македонија. Притоа беа формирани првите ветеринарни станици, со тоа основајќи ја денешната ветеринарна служба во Македонија.
|
1945
|
Во Велес без јавно судење, биле стрелани 53 затвореници од велешкиот затвор, лица за кои имало сомневање дека биле озлогласени противници на НОБ. Без заокружена истражна постапка и без јавно судење, биле групно стрелани и масакрирани, а потоа и закопани во заедничка гробница која била откриена по педесет години. Ова претставува најголем масакр врз цивили извршен од ОЗНА во ослободена Македонија.
|
1992
|
Владата на Република Бугарија ја призна Република Македонија за суверена и независна држава. Бугарија беше првата земја што ја призна Република Македонија.
|
1992
|
Арбитражната комисија на Европската заедница, на чело со претседателот, господин Бадинтер (Бадинтерова комисија), соопшти во својот извештај дека се исполнети сите услови за меѓународно признавање на Македонија.
|
Родени:
Починале: