14 јануари — 14-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 351 денови до крајот на годината (352 во престапна).
Настани:
1914
|
Хенри Форд, „крал на американската автомобилска индустрија“, ја пушти во работа првата бескрајна производна лента. Тоа значеше пресвртница, бидејќи го забрза производството на автомобили и придонесе за големо намалување на нивната цена.
|
1969
|
Во СССР се лансирани во вселената бродовите „Сојуз-4“ и „Сојуз-5“ и за првпат во историјата е формирана експериментална вселенска станица и е остварено преминување на астронаутите од еден во друг вселенски брод.
|
1994
|
Фудбалскиот сојуз на Македонија стана придружен член на Европскиот фудбалски сојуз.
|
Родени:
Починале: