Нова Брезница (порано нарекувана Пуста Брезница) — село во Општина Сопиште, во околината на градот Скопје.
Селото е дел од областа Торбешија. На север е Сува Гора, а на југ Караџица.
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Скопскиот Вилает и имало 23 семејства и 1 вдовица, сите христијани.[2]
Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.
Според податоците од 1878 година, во селото имало 16 домаќинства во 62 жители христијани (Македонци)[3]
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, каде имало 30 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 87 мажи христијани, со 6 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 186 жители.[4]
Стефан Верковиќ во 1857 година го забележува со 92 жители.[5]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Пуста Брезница живееле 540 жители, од кои 360 Македонци[6] и 180 Албанци[7].[8] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Пуста Брезница имало 256 Македонци[6], под врховенството на Бугарската егзархија.[9]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Пуста Брезница се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[10]
После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, како дел од општина Говрлево и има 535 жители.[11]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 700 Македонци.[12]
Според пописот од 2002 година, во селото имало 85 жители, од кои 83 Македонци, 1 Србин и 1 друг.[13]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 33 жители, од кои 25 Македонци и 8 лица без податоци.[14]
Според проценка од 2024 година селото Нова Брезница имало население од околу 50 жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Нова Брезница (порано Пуста Брезница) — македонско село.
Според истражувањата од 1950 година. Родови во селото биле:
Личности родени во Нова Брезница: