На 13 февруари 2019 кај Ласкарци се случи голема автобуска несреќа во која автобус излета од автопатот Тетово-Скопје, што резултираше со 16 починати патници.
Според истражувањата од 1949 година, родови во селото се:
Доселеници:Мезин (10 к.) потекнуваат од фисот Бериша (Љума) во северна Албанија. Овде се доселени во почетокот од XIX век; Качуп (18 к.) доселени се од северна Албанија. Овде живеат од исто време како и родот Мезин, уште тврдат дека имаат роднини во некое кумановско село; Борозун (15 к.) доселени се од северна Албанија; Таировци (12 к.) и Суљовци (12 к.) потекнуваат од двајца браќа кои дошле од северна Албанија. Старото име им е Фичои. Доселени се во првата половина на XIX век. Уште се зборува дека од старото место во Албанија се иселиле четири браќа, двајца дошле во Ласкарци, еден отишол во Ларце, а четвртиот во селото Коњари близу Скопје; Љумљан (2 к.) по потекло од Љума во северна Албанија. Од таму се иселиле во Рогле, па потоа прешле во Ласкарци, во Рогле немаат роднини, затоа што од таму се иселиле во Тетово и Турција.[12]
↑Речник места у Ослобођеној области Старе Србије. Белград. 1914. стр. 140.
↑Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929, стр.22.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“