Селото се наоѓа во областа Торбешија, во сливот на Маркова Река, на околу 1,5 км југозападно од Долно Количани и на 18 километри јужно од градот Скопје. Лежи во ридски предел, а атарот зафаќа површина од 6,8 км2.[2]
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Горно Количане (Grn.-Količane) како албанско село.[4]
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
825
—
1953
872
+5.7%
1961
715
−18.0%
1971
808
+13.0%
1981
654
−19.1%
Година
Нас.
±%
1991
0
−100.0%
1994
413
—
2002
309
−25.2%
2021
248
−19.7%
Според опширните османлискидефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 35 муслимански домаќинствa. На овој попис биле забележани 140 мажи муслимани, со 4 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 288 жители.[5]
После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, како центар на истоимената општина и има 608 жители.[9]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 800 Албанци.[10]
Населението на Горно Количани речиси се удвоило во првите децении на XX век, но во наредните периодио постепено опаднало. Во следните неколку пописи делови од населението наизменично се изјаснувале како „Турци“ или „Албанци“. Почнувајќи од 1981 г. целото население почнало да се изјаснува како албанско.
Горно Количани е едно од селата во Општина Студеничани и воопшто во Скопскиот Регион, кое е населено исклучиво со муслимански Албанци, кое забележало значаен пораст на бројот на жители во однос на пописот од 1994 кога во селото живееле 413 жители.
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 309 жители, од кои 306 Албанци, 1 Македонец и 2 други.[11]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 248 жители, од кои 195 Албанци и 53 лица без податоци.[12]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Со истражувањето од 1950 г. е утврдено дела во селото Батинци живеат родовите Рушитоски (5 куќи) и Саитоски (2 куќи) доселени во 1946 г. од Дресница, а таму дошле од Горно Количани, каде припаѓале на родот Чајан.[17]
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
↑Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“