Горно Соње (познато и како Горно Солње) — село во Општина Сопиште, во областа Каршијак, во околината на градот Скопје.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Каршијак, во јужното подножје на планината Водно. Горно Соње е едно од највисоките села во Општина Сопиште на надморска височина од 850-1024 метри кај црквата „Св. Никола“. Оддалечено е 11 километри јужно од Скопје.
Во крајниот југоисточен дел на атарот се наоѓало некогашното село Слатина.
Историја
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Скопскиот Вилает и имало 69 христијански семејства и 5 вдовици христијани.[2]
Според опширните османлискидефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, со 24 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 78 мажи христијани, со 7 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 170 жители.[3]
Според истражувањата од 1950 година, родови во селото се:[14]
Староседелци:Младеновчиња (3 к.) и Дудукој (4 к.) порано чинеле еден род; Стојаној (21 к.) во овој род била омажена и некоја жена од Бутел, и по неа сега еден дел од родот се вика Бутљевчиња. Други дела од овој род се викаат Поповци, Несторовци и Ѓорчеј; Тутуној (10 к.); Бачој (5 к.) имаат прекар и Мечкари. Но не знаат како го добиле; Кочиовци (4 к.).
Доселеници:Милевци (14 к.) доселени се од некое место во Дебарско. Ги викаат и Дебрани. Основачот на родот е доселен како домазет; Младеној (3 к.) порано биле еден род со споменатите Милевци; Патлиџаној (4 к.) доселени се од Кумановско; Павлевчиња (2 к.) доселени се од селото Кучково. Крлевче (1 к.) доселени се од Кумановско. Шетаре (1 к.) доселени се од селото Јаболци. Куќа им направиле Младеновци и така се останати овде.
↑Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.488
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
↑Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“