Селото се наоѓа во крајниот југозападен дел на Скопската Котлина, во областа Торбешија. Атарот е мошне голем, со површина од 61,6 км2. Сместен е во изворишното подрачје на Маркова Река и се протега кон северните падини и сртот на Јакупица.[2]
Историја
Подрачјето околу Црн Врв е населено уште во доцната антика за што сведочат остатоците од градиште и збег во наоѓалиштето Кале на 2 км југоисточно од селото.[3]
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува селото (Crnivrh) како албанско село.[4]
На етничката карта на Северозападна Македонија во 1929 г. Афанасиј Селишчев го обележал селото (Църни връх) како албанско.[5]
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
759
—
1953
842
+10.9%
1961
690
−18.1%
1971
535
−22.5%
1981
773
+44.5%
Година
Нас.
±%
1991
0
−100.0%
1994
986
—
2002
700
−29.0%
2021
311
−55.6%
Според опширните османлискидефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 21 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 66 мажи муслимани, со 3 новороденчиња. Било забележано дека 11 мажи муслимани со семејствата тазе се доселиле во Црн Врв. Се проценува дека селото во тој период имало 160 жители.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 500 Албанци.[9]
Населението на Црн Врв четирикратно пораснало во првите децении на XX век. Во 1960-тите доживеало извесен пад, но потоа почнало повторно да се накачува. Во пописите големи делови од населението наизменично се изјаснувале како „Турци“ или „Албанци“, со што се постаува прашањето дали не се работи за Македонци-муслимани. Почнувајќи од 2002 г. речиси сето население почнало да се изјаснува како албанско.
Според пописот од 2002 година, во селото Црн Врв живееле околу 700 жители, од кои 686 Албанци, 1 Македонец и 13 останати.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 311 жители, од кои 65 Албанци, 1 Турчин, 2 останат и 244 лица без податоци.[11]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Според истражувањата од 1950 година, родови во селото:
Доселеници:Папузалар (13 к.), Сефулас (16 к.) и Мајљес (12 к.) по потекло се од северна Албанија. Во првиот род се знае следното родословие. Селман (жив на 40 год. во 1950 година) Сакип-Рушит-Адем-Садик-Имер, кој се доселил во селото. Во родот Мајљес се знае следното родословие. Сејдин (жив на 50 год. во 1950 година) Елмаз-Јусуф-Јонуз-Исмаил, кој се доселил во селото. Од родот Сефулас има иселеници во Ново Село (Зеадиновци); Сенца (19 к.) доселени се од селото Сенце во Горна Река, подалечно потекло од северна Албанија. Имаат роднини во селото Цветово (Јашаровци) и во Ново Село (Куртиш и Нури); Штутк или Рекалар (13 к.) доселени се од некое село во Горна Река, подалечно потекло од северна Албанија; Беч (13 к.) потекнуваат од фисот Бериша во северна Албанија. Го знаат следното родословие. Ферук (жив на 38 год. во 1950 година) Рамадан-Муарем-Суљо-Ибиш, кој се доселил во селото. Имаат свои иселеници во селото Ново Село (Касамовци). А имаат свои роднини и во селата Нов Пустеник кај Качаник, и во селото Глажња кај Куманово.[16]
Стопанство
Црн Врв има мешовито стопанство. Според податок од 1998 г. селото располага со 3.088 ха пасишта, 2.317 ха шуми и 347 ха обработливо земјиште.[2]
Според истражувањето од 1950 г. во с. Цветово живеел родот Јашаровци (3 куќи) кој бил дојден од Црн Врв, а водел подалечно потекло од Горна Река. Потоа и во Скопје (15 семејства) и во Турција (10 семејства). Иселеништвото продолжило во годините и потоа.[16]
Галерија
Поглед на селото Црн Врв од Драчевски Рид на Караџица
↑Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929.
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
↑Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“