Според опширните османлискидефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото е заведено под името Идриз и населението било претежно христијанско, односно имало 15 христијански[2] и едно муслиманско[3] домаќинство. На овој попис биле забележани 4 мажи муслимани и 51 маж христијанин, додека во христијанските домаќинства биле забележани 5 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 120 жители.
Во 1913 година, во селото биле евидентирани 70 жители. Било дел од Општина Ибрахимово.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Македонци, 100 Албанци и 50 Турци.[8]
Во 1961 година, во селото имало 1.166 жители (589 мажи и 577 жени), додека во 1994 година, имало 1.789 жители (907 мажи и 882 жени).
Според истражувањата од 1953 година, родови во Идризово:[15]
Македонски
Доселеници:Калеовци (3 к.) најстар род во селото. доселени се од Битолско. не знаат точно кога се доселиле; Кумановци (1 к.) потекнуваат од тројца браќа. Коле, Крсто и уште еден. потеклото на овој род е од селото Матејче кај Куманово. Го знаат следното родословие: Борис (жив на 60 г. во 1953 година) Мане-Крсто, еден од браќата што се доселиле. Преку ова село имаат иселеници во Мралино, Трубарево и Јурумлери; Озимковци (1 к.) доселени се во турско време од Горно Лисиче. А таму биле доселени од селото Долно Соње. Имале роднини во Арачиново и Брњарци; Шаторовци (1 к.) доселени се од селото Булачани, таму имаат роднини. Некое време живееле во Тафталиџе и Јурумлери. Овде живеат од 1930 година; Бебешковци (1 к.) доселени се во 1944 година од селото Говрлево. Таму имале истоимени роднини; Газиновци (1 к.) и они се доселени во исто време и од истото село. И они имале истоимени роднини во Говрлево; Ѓурчевци (1 к.) доселени се во 1944 година од истото село Говрлево. Подалечно потекло имаат од селото Ботушје во Порече; Скендеровци (1 к.) и они доселени се во 1944 година од селото Говрлево. Таму имаат роднини, подалечно потекло од Долна Река; Стојковски (1 к.) доселени се во 1945 година од селото Раштак; Симуновци (1 к.) и Пецевци (1 к.) доселени се во 1951 година од селото Градовци.
Поалбанчени Роми (Маљоци)
Доселеници:Аљо Сулејман (1 к.) најстар маљочки род во селото. Основачот на родот Аљо се доселил како дете од Метохија; Муслиови (3 к.) доселени се од Штимле на Косово; Куртишови (2 к.) доселени се од Трна кај Урошевац; Сеферови (2 к.) доселени се после Втората светска војна од Метохија; Мустаф (2 к.) доселени се од Дреница; Адем (1 к.) доселени се во 1948 година од селото Славиња во Косово; Бератови (2 к.) доселени се од селото Ѓураковца кај Пеќ; Мифтарови (1 к.) доселени се од Косово; Асан (1 к.) доселени се од Долно Лисиче, а таму од Косово; Незирови (2 к.) доселени се од Славиња на Косово; Рустем (1 к.) доселени се од Мираш на Косово; Рамо (1 к.) доселени се во 1952 година од Славиња на Косово; Браим (1 к.) доселени се во 1946 година од Рашинце кај Штимле; Рушитови (2 к.) доселени се од селото Студеничани. А таму од Косово.
Албански
Доселеници:Незирови (2 к.) доселени се од селото Прелаз на Косово; Реџепови (1 к.) доселени се од селото Ропалце кај Куманово; Муратовци (1 к.) доселени се од селото Љуботен во 1946 година; Емрулови (1 к.) доселени се од селото Отља кај Куманово.
Бошњачки
Доселеници:Шабовиќи (2 к.) доселени се во 1927 година од Плав во Црна Гора; Мемедовиќи (2 к.) потекнуваат од Босна. Од таму се иселиле во Метохија, па околу 1933 година се доселиле во Идризово; Сеферовиќи (3 к.) доселени се во исто време во Идризово со претходниот род. И они потекнуваат од Босна. Од таму се иселиле во Ѓаковица, па во Идризово; Луковиќи (2 к.) потекнуваат од Босна. Од таму се иселиле во Плав, од Плав во Старо Дворане во Метохија, а во 1933 година се доселиле во Идризово.
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021. стр. 91.
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020. стр. 208.
↑Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург. стр. 356.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“