Белград

Белград
Београд / Beograd
Главен град
Град Белград
Belgrade montage. Clicking on an image in the picture causes the browser to load the appropriate article.БеограѓанкаИсточна капија на БелградБранков мостСавски мостСаваДомот на Народното собраниеНов дворецАвалска кулаКула УшќеКула ГардошСрпска академија на науките и уметноститеЦрква „Св. Сава“ - БелградБелградска тврдинаСпоменик на незнајниот јунак
Знаме на БелградГрб на Белград
Химна: Химна Београду
Himna Beogradu
„Химна на Белград“
Држава Србија
ОкругБелград
Општини17
ОсновањеПред 279 п.н.е. (Сингидунум)[1]
Управа
 • ГрадоначалникАлександар Шапиќ
Површина
 • Главен град359,9 км2 (1,390 ми2)
 • Градска1,035 км2 (0,400 ми2)
 • Метро3.222,6 км2 (12,443 ми2)
Надм. вис.[4]&10000000000000117000000117 м
Население (попис 2011)
 • Главен град1,166,763[5]
 • Густина3.241/км2 (8,390/ми2)
 • Градскo1,344,844[3]
 • Градска1.192/км2 (3,090/ми2)
 • Метро1,687,132[2]
 • Метро514/км2 (1,330/ми2)
Демонимбелграѓанец
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски код11000
Повикувачки број+381(0)11
ISO 3166RS-00
Рег. таб.BG
ИЧР (2019)0.834[6]многу висок
Мреж. местоwww.beograd.rs

Белград (српски: Београд или Beograd) е главен град и најголем град во Србија. Градот се наоѓа на устието на реките Сава и Дунав во централна северна Србија, на местото каде што Панонската Низина се сретнува со Балканскиот Полуостров.[7] Населението во Белград брои над 1,2 милиони жители, додека во рамките на неговите административни граници живеат над 1,65 милиони луѓе.[8] Тоа е најголемиот град на територијата на поранешна Југославија и по бројот на жители е четврт во Југоисточна Европа, по Истанбул, Атина, и Букурешт.

Првите населби во регионот на Белград биле во предисториската Винча околу 4800 п.н.е. Градот бил населен во 3 век п.н.е. од Келтите, а по доаѓањето на Римјаните станал римска колонија во провинцијата Мизија и бил наречен Сингидунум.[9] Се смета за еден од најстарите европски градови, бидејќи неговата историја е подолга од 7000 години. Словенското име Белиград за првпат се споменува на 16 април 878 година од н.е., во една преписка помеѓу папата Јован VII и бугарскиот кнез Борис I. Белград за првпат станал главен град на Србија во 1403 година. Во својата многугодишна историја, бил освојуван од преку 40 војски: римски, византиски, бугарски, унгарски, отомански итн. Бил главен град на различните форми на Југославија од 1918 до 2003, како и на државната унија на Србија и Црна Гора од 2003 до 2006 година.

Белград има статус на посебна територијална единица во Србија, со посебна автономна градска власт. Територијата на Белград е поделена на 17 општини, од која секоја има свој локален совет. Белград зафаќа преку 3,6% од територијата на Србија и 21% од српското население (без населението на Косово), живее во градот. Претставува економски центар на Србија и главен град на српската култура, образование и наука.

Историја

Во строгиот центар на Белград, под денешната палата Албанија за време на нејзината изградба во 1938 е пронајден скелет на неандерталец кој загинал во борба со мамут чиј скелет е исто така пронајден во близина.Ова говори дека Белград бил населен уште од праисториската доба.[10] Подоцна на просторот на Балканскиот Полуостров пред 7.000 години се развила Винчанската култура па така нејзините остатоци можат да се пронајдат и во околината на Белград кај истоимената населба. Тој простор е населен уште од 3. век п.н.е. од страна на Келтите и набрзо премунува во рацете на Римјаните и станува населба Сингидунум. За време на прогонот на христијаните кој се случил во текот на владеењето на царот Диоклецијан во Сингидунум се спомнуваат првите христијански маченици. Со поделбата на Римското Царство останува под контрола на Византија.

Среден век

Турска опсада на Белград 1456.

Сингидунум го освојувале многу освојувачи како на пример Хуните, Сарматите, Острогите и Аварите- пред доаѓањето на Словените во 630. година од нашата ера. Првите записи за словенското име Белград датираат од 878. година. (словенски облик Бјелград), за време на владеењето на Првото Бугарско Царство упатувајќи на впечатокот за тврдината составена од бел камен гледана од страна на реката и Панонската Низина. Градот останал предмет на несогласување меѓу Византиското царство, Унгарија и Бугарија наредните четири века.[11]

Градот преминува под српска власт како дел од Срем во 1284. година. Првиот српски крал кој владеел со Белград бил Стефан Драгутин (1276—1282), владетел на кралството Долен Срем (Мачва). По големите порази во Косовската битка 1389. година, српското царство започнува да се распаѓа а неговите јужни делови со голема брзина преминуваат во рацете на Турците Османлии.[12] Сепак северот на српското царство долго време одолевал на нападите. Српскиот деспот Стефан Лазаревиќ го добил Белград од угарскиот и римскиот крал Жигмунд Луксембуршки, откако станал негов вазал. Во 1405 година Стефан Лазаревиќ го прогласил Белград за своја престолнина. Во наредниот период Белград доживеал голем подем. Повторно биле утврдени старите ѕидини на градот, заедно со замоците, а црквите и тврдините биле обновени, што му помогнало на градот да одолее на нападите на Турците дури 70 години.

Во ова време Белград станал прибежиште на многу балкански народи кои бегале од осмалиската власт. Се верува дека бројот на жители во овој период достигнал и до 40.000-50.000. Турците сакале да го покорат Белград затоа што тој им претставувал главна препрека во нивните понатамошни походи кон Средна Европа. Турците го нападнале градот во 1456. година кога се одиграла познатата Опсада на Белград каде христијанската војска под водство на Сибињанин Јанко успешно го одбраниле градот од турските напади.[13]

Географија

Сателитска слика на Белград

Белград се наоѓа на 116,75 метри надморска височина. Историското јадро на Белград ( денешна Белградска тврдина) се наоѓа на десниот брег на реката Сава. Во состав на Белград се и Нов Белгад и Земун кои се наоѓаат на левиот брег на реката Сава, а со тоа и во Средна Европа. Градот лежи на устието на реките Дунав и Сава. Урбаната површина на градот изнесува 359,92 км2. Белград се наоѓа на раскрсницата на западната и источната европска култура.[14]

Клима

Белград има умерено континентална клима. Просечната годишна температура е 12,3 °C. Најтоплиот месец е јули,со просечна температура од 21,8 °C,додека пак најладен месец е јануари со просечна температура од 0,6 °C. Белград во просек има околу 25 дена во годината со темепература преку 30 °C. Просечната годишна количина на врнежи е 680 милиметри. Годишно Белград има околу 2.025 сончеви часа, со јули и август како најсончеви, а декември и јануари како најмрачни месеци со само 2—2,3 сончеви часа дневно.

Општини

Градот е поделен на 17 општини.[15]

Municipalities of Belgrade map
Општина Површина (km2) Население (2011) Густина на население (на km2)
Бараево 213 27,110 127
Чукарица 156 181,231 1,162
Гроцка 289 83,907 290
Лазаревац 384 58,622 153
Младеновац 339 53,096 157
Нов Белград 41 214,506 5,232
Обреновац 411 72,524 176
Палиула 451 173,521 385
Раковица 31 108,641 3,505
Савски Венец 14 39,122 2,794
Сопот 271 20,367 75
Стари Град 5 48,450 9,690
Сурчин 285 43,819 154
Вождовац 148 158,213 1,069
Врачар 3 56,333 18,778
Земун 154 168,170 1,092
Звездара 32 151,808 4,744
Вкупно 3,227 1,659,440 514

Демографија

Според пописот од 2011 година, во градот Белград живееле 1.166.763 жители. На табелата е прикажан националниот состав на населението во градот:[16]

народ вкупен број % од вкупното население
Срби 1.050.213 90 %
Роми 16.846 1,4 %
Црногорци 8.454 0,7 %
Југословени 7.312 0,6 %
Хрвати 6.619 0,6 %
Македонци 5.545 0,5 %
Горанци 3.394 0,3 %
Муслимани 3.084 0,3 %
неизјаснети 32.346 2,8 %
Вкупно 1.166.763 100 %

Во територијалната единица Град Белград која се состои од 17 општини живеат 1.659.440 жители (2011 г.)[16]

Знаменитости

Поглед на Храмот Свети Сава од плоштадот Славија

Храмот Свети Сава во Белград е најголем српски православен храм, и воедно најголем православен храм на Балканот. Тој се наоѓа во источниот дел на Светосавскиот плоштад, во општината Врачар, во Белград. Подигнат е на местото за кое се сметало дека Коџа Синан-паша во 1594 година ги запалил моштите на Свети Сава, основачот на Српската православна црква. Изградбата на храмот била финансирана со собирање на доброволни прилози, како и со плаќање на поштенски марки. Недалеку од храмот е парохијскиот дом, а тука се наоѓа и предвидената зграда на патријаршијата. Овој спомен-храм претставува органски дел на современата живописна силуета на Белград, сочинувајќи едно од неговите главни обележја.

Архитектура

Храмот Свети Сава во ноќ
Панорама на светосавскиот плоштад: Храмот Свети Сава, споменик на Караѓорѓе Петровиќ и Народна библиотека на Србије.

Храмот се наоѓа на крајот на белградската линија Калемегдан - плоштадот република - Теразије - Белграѓанка - Храмот Свети Сава. Изграден е во српско-византиски стил, со четири ѕвона високи 44 -{m}-. Висината на врвот на куполата изнесува 70 -{m}-, додека е главниот позлататен крст висок е уште 12 -{m}-, што му дава на врвот на храмот вкупна висина од 82 -{m}-, а надморска висина од 134 -{m}- (64 -{m}- над нивото на реката Сава). Поради тоа оваа црква зазема истакнато место на белградскиот хоризонт и видлива е од сите влезови на градот.

Зградата на Филозофскиот факултет

Култура

Народниот театар (Народно позориште) во Белград, Србија
Споменик на Петар Петровиќ Његош

Белград како тема во уметноста и популарната култура

Белград како тема во книжевноста

  • Дорќол“ (српски: Дорћол) — збирка раскази на српската писателка Светлана Велмар-Јанковиќ од 1981 година.[17]
  • Врачар“ — збирка раскази на српската писателка Светлана Велмар-Јанковиќ од 1994 година.[17]
  • „Маѓепсани очила: раскази за Белград“ (српски: Очаране наочаре: приче о Београду) - збирка раскази на српската писателка Светлана Велмар-Јанковиќ од 2006 година.[17]
  • „Портата на Балканот: брз водич низ минатото на Белград“ (српски: Капија Балкана: брзи водич кроз прошлост Београда) — монографија на српската писателка Светлана Велмар-Јанковиќ од 1981 година.[18]
  • „Калемегдан“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.[19]
  • „Белградски приказни“ (српски: Београдске приче) — збирка раскази на српскиот писател Симо Матавуљ.
  • „На Калемегдан“ (српски: Na Kalemegdanu) — песна на српскиот поет Миодраг Павловиќ.[20]
  • „На Калемегдан“ (српски: На Калемагдану) — песна на српскиот поет Владислав Петковиќ - Дис.[21]
  • „Белград“ - песна на српската поетеса Гордана Пешаковиќ од 2010 година.[22]
  • „Враќање во Белград“ (српски: Повратак у Београд) — песна на српскиот поет Васко Попа.[23]
  • „Горна тврдина“ (српски: Горња тврђава) — песна на Васко Попа.[24]
  • „Теразие“ (Теразије) — песна на Васко Попа.[25]
  • „Врачар Поле“ (српски: Врачар поље) — песна на Васко Попа.[26]
  • „Небојша Кула“ - песна на Васко Попа.[27]
  • „Белград“ (српски: Београд) — песна на Васко Попа.[28][29]
  • „Нови белградски приказни“ (српски: Нове београдске приче) — збирка раскази на српскиот писател Милорад Павиќ од 1981 година.[30]

Белград како тема во музиката

  • „Лето на Ада“ (српски: Leto na Adi) — албум на српската рок-група Блок аут (Block Out) од 1994 година.[31]
  • „Ноќва се пали Белград“ (хрватски: Noćas se Beograd pali) — песна на хрватската рок-група Грч.[32]
  • „Белград“ (српски: Beograd) — песна на југословенската рок-група Фит од 1988 година.[33]

Белград како тема во филмот

Наводи

  1. „Ancient Period“. City of Belgrade. 5 October 2000. Посетено на 16 November 2010.
  2. „Regions in Republic of Serbia, 2018“ (PDF). publikacije.stat.gov.rs. Посетено на 14 November 2018.
  3. Comparative overview of the number of population in 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 2002 and 2011 – Data by settlements. Statistical Office of the Republic of Serbia, Belgrade. 2014. стр. 28. ISBN 978-86-6161-109-4.
  4. „Geographical position“. City of Belgrade. Посетено на 10 July 2007.
  5. „Попис на население, домаќинства и станови 2011: Споредбен преглед на бројот на жители во 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 2002 and 2011, податоци по населени места“ (PDF). Републички завод за статистика на Република Србија, Белград. 2014. ISBN 978-86-6161-109-4. Посетено на 2014-06-27.
  6. „Sub-national HDI – Subnational HDI – Global Data Lab“. globaldatalab.org.
  7. „Зошто да инвестирате во Белграде?“. Град Белград. Посетено на 11 октомври 2010.
  8. „Попис на население, домаќинства и имоти во Република Србија 2011“ (PDF). Статистички завод на Србија, Белград. 2012. стр. 20. ISBN 978-86-6161-023-3. Посетено на 11 септември 2013.
  9. „Откриј го Белград“. Град Белград. Архивирано од изворникот 2009-05-18. Посетено на 5 мај 2009.
  10. Николиќ, Зоран Љ.; Голубовиќ, Видоје Д. (2004). Београд испод Београда. Белград. ISBN 978-86-355-0632-6.
  11. „Град Београд — Историја (Византија)“. Beograd.org.rs. Архивирано од изворникот 30 август 2019. Посетено на 27 јануари 2021.
  12. „Balkans (1389):Battle of Kosovo“. Encyclopædia Britannica. Посетено на 27 јануари 2021.
  13. „Ottoman-Hungarian Wars: Siege of Belgrade in 1456“. historynet.com. Архивирано од изворникот на 7 септември 2008. Посетено на 20 септември 2011.
  14. „Географска позиција Београда“. beograd.org.rs. Архивирано од изворникот 21 декември 2018. Посетено на 20 септември 2011.
  15. „Urban Municipalities“. Official website. Посетено на 10 July 2007.
  16. 16,0 16,1 Становништво према националној припадности, по насељима 2011. године. Републички завод за статистику.
  17. 17,0 17,1 17,2 „O piscu“, во: Svetlana Velmar-Janković, Dorćol, Treće izdanje. Beograd: Laguna, 2014, стр. 219.
  18. „O piscu“, во: Svetlana Velmar-Janković, Dorćol, Treće izdanje. Beograd: Laguna, 2014, стр. 220.
  19. Блаже Конески, Стерна. Скопје: Мисла, 1966, стр. 13-14.
  20. Miodrag Pavlović, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1979, стр. 14.
  21. Владислав Петковић-Дис, Песме. Београд: Рад, 1960, стр. 83-84.
  22. Гордана Пешаковић, Чуварима лепоте. Београд: Логос, 2010.
  23. Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 125.
  24. Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 126.
  25. Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 127.
  26. Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 128.
  27. Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 129.
  28. Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 131.
  29. Васко Попа, Поезија (избор). Скопје: Култура; Београд: Нолит, 1968, стр. 120-121.
  30. „Белешка о писцу“, во: Милорад Павић, Кутија за писање. Београд: Народна библиотека Србије, 2012, стр. 121.
  31. YouTube, Block Out - Leto na Adi (пристапено на 30.8.2017)
  32. Various – Rijeka-Paris-Texas (пристапено на 8.7.2023)
  33. YouTube, FIT - Beograd (пристапено на 8.4.2017)
  34. IMBd, The Policeman from the Cock's Hill (1992) (пристапено на 11.12.2017)

Надворешни врски

Read other articles:

1878 painting by Pierre-Auguste Renoir Madame Georges Charpentier and her ChildrenMadame Charpentier and Her ChildrenYear1878Mediumoil paint, canvasDimensions153.7 cm (60.5 in) × 190.2 cm (74.9 in)LocationMetropolitan Museum of ArtIdentifiersThe Met object ID: 438815[edit on Wikidata] Madame Georges Charpentier and Her Children (also known as Madame Charpentier and Her Children) is an 1878 oil on canvas painting by Pierre-Auguste Renoir. It depicts Marguerite Charpent...

 

This article contains special characters. Without proper rendering support, you may see question marks, boxes, or other symbols. Dr.Samia al-Amoudial-Amoudi (R) and Paula Dobriansky (L), undersecretary of state for democracy and global affairs. Washington, D.C., March 7, 2007Bornساميه العموديNationalitySaudi ArabianOccupationProfessorKnown forSaudi breast cancer awarenessMedical careerProfessionPhysicianFieldOB/GYNInstitutionsSheikh Mohammed Hussein Al-Amoudi Center of Excell...

 

Saara Saara hardwickii Біологічна класифікація Царство: Тварини (Animalia) Тип: Хордові (Chordata) Клас: Плазуни (Reptilia) Ряд: Лускаті (Squamata) Підряд: Ігуаноподібні (Iguania) Родина: Агамові (Agamidae) Підродина: Uromastycinae Рід: SaaraGray, 1845 Види Дивитись текст Вікісховище: Saara Saara — рід ящірок родини Агамові (Ag...

American college basketball season 2013–14 Cal State Fullerton Titans men's basketballConferenceBig West ConferenceRecord11–20 (6–10 Big West)Head coachDedrique Taylor (1st season)Assistant coaches John Smith Robert Spence Danny Sprinkle Home arenaTitan GymSeasons← 2012–132014–15 → 2013–14 Big West men's basketball standings vte Conf Overall Team W   L   PCT W   L   PCT UC Irvine 13 – 3   .813 23 – 12   .657...

 

Henri de la Tour d'Auvergne de Turenne Född11 september 1611[1][2][3]Sedan, FrankrikeDöd27 juli 1675[1][2][3] (63 år)Sasbach, TysklandBegravdKlosterkyrkan Saint-DenisMedborgare iFrankrikeSysselsättningOfficer, militär befälhavare[4]MakaCharlotte de Caumont, dame de Saveilles(g. 1651–)FöräldrarHenri de La Tour d'Auvergne, hertig av BouillonElisabeth Flandrika av OranienRedigera Wikidata Henri de La Tour d'Auvergne, Vicomte av Turenne, född 11 september 1611 i Sedan, d...

 

Charity Shield FA 1975TurnamenCharity Shield FA Derby County West Ham United 2 0 Tanggal9 Agustus 1975StadionStadion Wembley, London← 1974 1976 → Charity Shield FA 1975 adalah pertandingan sepak bola antara Derby County dan West Ham United yang diselenggarakan pada 9 Agustus 1975 di Stadion Wembley, London. Pertandingan ini merupakan pertandingan ke-53 dari penyelenggaraan Charity Shield FA. Pertandingan ini dimenangkan oleh Derby County dengan skor 2–0.[1] Pertandingan ...

براد دوريف (بالإنجليزية: Brad Dourif)‏  دوريف في 2002 معلومات شخصية اسم الولادة برادفورد كلود دوريف الميلاد 18 مارس 1950 (العمر 73 سنة)هنغتينغتون، فيرجينيا الغربية الجنسية الولايات المتحدة الأمريكية الديانة المسيحية الزوجة جانيت دوريف الأولاد فيونا دوريف الحياة العملية الأدوار ا...

 

Sastri Yunizarti BakryLahir20 Juni 1958 (umur 65)Pariaman, Sumatera BaratKebangsaanIndonesiaAlmamaterUniversitas Andalas, PadangPekerjaanSastrawan, birokrat, aktivisDikenal atas- Vice President The Malay Islamic World- Ir­sus Inspektorat Jen­deral Ke­mendagriSuami/istriAsnam Rasyid (cerai)Fachrial AsjariAnakFilino KalaniFeril AristaRida YuliantiRanti ArastriOrang tuaZaidin BakryFatimah Noer Dra. Hj. Sastri Yunizarti Bakry, Akt., M.Si. (lahir 20 Juni 1958) adalah seorang birokrat dan p...

 

American news media organization For other uses, see Forward (disambiguation). The ForwardForṿerṭs (in Yiddish)Owner(s)Forward AssociationPublisherRachel Fishman FeddersenEditor-in-chiefJodi RudorenAssociate editorAdam LangerNews editorLauren MarkoeStaff writersIrene Katz Connelly, Mira Fox, PJ Grisar, Beth Harpaz, Louis Keene, Jacob Kornbluh, Arno RosenfeldFoundedApril 22, 1897 (1897-04-22)Political alignmentProgressiveLanguageEnglish and YiddishHeadquartersNew York CityCi...

French resistance member Mélinée Assadourian Manouchian, before 1945 Mélinée Manouchian (born Melina Assadourian or Soukémian; Armenian: Մելինէ Մանուշեան; 1913 - 1989)[1] was a French-Armenian résistante and the widow of Missak Manouchian. Biography She was born in 1913 in Constantinople as Melina Assadourian (or Soukémian).[2] During the Armenian genocide she lost her parents and was taken, along with her elder sister, to a Protestant orphanage in Smyrne...

 

Musical notation system to describe pitch and relative frequency Ten Cs in scientific pitch notation Scientific pitch notation (SPN), also known as American standard pitch notation (ASPN) and international pitch notation (IPN),[1] is a method of specifying musical pitch by combining a musical note name (with accidental if needed) and a number identifying the pitch's octave. Although scientific pitch notation was originally designed as a companion to scientific pitch (see below), the t...

 

هذه المقالة يتيمة إذ تصل إليها مقالات أخرى قليلة جدًا. فضلًا، ساعد بإضافة وصلة إليها في مقالات متعلقة بها. (أكتوبر 2016) كريستيان فريدريك لودفيغ (بالألمانية: Christian Friedrich Ludwig)‏  معلومات شخصية الميلاد 19 مايو 1751(1751-05-19)لايبزيغ  الوفاة 8 يوليو 1823 (72 سنة)لايبزيغ  الإقامة ألمان...

This article relies excessively on references to primary sources. Please improve this article by adding secondary or tertiary sources. Find sources: University of Social Welfare and Rehabilitation Sciences – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (August 2020) (Learn how and when to remove this template message) University of Social Welfare and Rehabilitation Sciencesدانشگاه علوم توانبخشی و سلامت اجتماعیTypePublicEs...

 

Human settlement in ScotlandSouth GalsonScottish Gaelic: Gàbhsann bho DheasView of South GalsonSouth GalsonLocation within the Outer HebridesLanguageScottish GaelicEnglishCivil parishBarvasCouncil areaNa h-Eileanan SiarLieutenancy areaWestern IslesCountryScotlandSovereign stateUnited KingdomPost townISLE OF LEWISPostcode districtHSDialling code01851PoliceScotlandFireScottishAmbulanceScottish UK ParliamentNa h-Eileanan an IarScottish ParliamentNa h-Eileanan ...

 

2018 Munster Senior Hurling LeagueDates30 December 2017 – 14 January 2018[1]Teams4SponsorCo-Op SuperstoresChampionsLimerick (1st title)Paul Browne (final captain)Declan Hannon (captain)John Kiely (manager)Runners-upClarePatrick O'Connor (captain)Donal Moloney and Gerry O'Connor (manager)Tournament statisticsMatches played6Goals scored17 (2.83 per match)Points scored207 (34.5 per match)Top scorer(s)Aaron Gillane (1-21) ← 2017 (Previous) (Next) 2019 → The 2018 Munster Senior Hurli...

Padang BolakKecamatanPeta lokasi Kecamatan Padang BolakNegara IndonesiaProvinsiSumatera UtaraKabupatenPadang Lawas UtaraPemerintahan • CamatTunggul PPopulasi • Total60,058 (2.012) jiwaKode Kemendagri12.20.04 Kode BPS1220040 Luas792,14 km²Desa/kelurahan76 Desa1 Kelurahan Padang Bolak adalah sebuah kecamatan di Kabupaten Padang Lawas Utara, Sumatera Utara, Indonesia. Ibu kota kecamatan ini berada di kelurahan Pasar Gunung Tua. Kelurahan di kecamatan Padang Bolak...

 

This article does not cite any sources. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: 1965 South Africa rugby union tour of Scotland and Ireland – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (June 2019) (Learn how and when to remove this template message) 1965 South Africa rugby union tour of Scotland and IrelandSummaryP W D L Total05 00 01 04Test match02 00 00 0...

 

This article is about the album. For other uses, see Nascimento. 1997 studio album by Milton NascimentoNascimentoStudio album by Milton NascimentoReleased1997StudioMega Studios(Rio de Janeiro, Brazil)Unique Studios(New York City)Room With a View(New York City)GenreMPB, JazzLength49:04LabelWarner Bros.ProducerRuss TitelmanMilton Nascimento chronology Amigo(1995) Nascimento(1997) Tambores de Minas(1998) Nascimento is an album by Brazilian musician Milton Nascimento, released through War...

1992 live album by Ricky FordAmerican-African BluesLive album by Ricky FordReleased1992RecordedSeptember 16, 1991VenueBirdland, New York City, U.S.GenreJazzLength1:03:36LabelCandidProducerMark MorgarelliRicky Ford chronology Hot Brass(1991) American-African Blues(1991) Tenor Madness Too!(1994) Professional ratingsReview scoresSourceRatingAllMusic[1] American-African Blues is an album by saxophonist Ricky Ford.[2][3] Recording and music American-African Blues wa...

 

Demonstrasi Hong Kong 2014Polisi menembakkan gas air mata ke arah demonstranTanggal26 September 2014 (26 September 2014) – 15 Desember 2014 (15 Desember 2014)Lokasi Hong KongSebabKeputusan Kongres Komite Pembangunan Rakyat Nasional pada Reformasi Pemilu tentang Pemilihan Kepala Eksekutif dan Dewan Legislatif Hong Kong masa depanTujuan Hak pilih universal asli Pengunduran diri Kepala Eksekutif CY Leung Penghapusan konstituen fungsional DPRD Hong Kong HasilKemenangan Pe...

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!