Морава (чешки и словачки: Morava; германски: March; унгарски: Morva) — река во Средна Европа. Ова е најважната река во областа Моравија, која е наречена по неа. Извира во планината Кралицки Снежник, во североисточниот дел на Пардубичкиот крај, кај чешко-полската граница и тече во јужен правец. Долното течение ја образува границата помеѓу Чешка и Словачка и помеѓу Австрија и Словачка.
Рамничарски предели долж реката се Горноморавската Долина (Hornomoravský úval) и Долноморавската Долина (Dolnomoravský úval) во Моравија, Моравското Поле (Marchfeld) (низината помеѓу североисточниот дел на Виена и реката Морава) во Долна Австрија и Загорската Низина (Záhorтоská nížina) помеѓу Моравија и Братислава) Словачка.
Единствените поважни градови по течението на реката се Оломоуц во Чешка и Братислава во Словачка. По околу 354 км, Морава се влева во Дунав кај Братислава-Девин, со просечен истек од 120 м3/с. Необично за оваа река е тоа што е единствената во Европа коај има пигментација и киселост благодарение на бавен тек низ шумски предели — појава обично застапена во прашумските предели во сливот на Амазон и Ориноко.
Најважна притока на Морава е реката Дија, која рече во пограничните предели помеѓу Моравија и Долна Австрија. Друга поважна притока е Мијава, која се влева во Моорава кај селото Кути.
Долното течение, низводно од вливот на Дија и Хоенау на Марка, ја бележи границата помеѓу Австрија и Словачка. Ова е една од последните преостанати природни граници во Европа. Реката била источна граница на Австриската маркгрофовија (Источна марка) од XI век, како и граница помеѓу Франкиското Царство на Каролинзите и Аварскиот Каганат во IX век.
50°12′18″N 16°50′57″E / 50.20500°N 16.84917°E / 50.20500; 16.84917