Севернобачки Округ (српски: Севернобачки округ; унгарски: Észak-bácskai körzet) — една од седумте административни области на автономната покраина Војводина, Србија. Се наоѓа во бачката географска област. Според резултатите од пописот од 2011 година, округот брои население од 186.906 жители. Административен центар на округот е градот Суботица.
За време на управата на Хабсбурговците (18 век), областа била поделена помеѓу Бодрошката Жупанија, Бачката Жупанија и Воена Краина. Двете жупании биле споени во една, Бачко-бодрошка Жупанија во 18 век. По укинувањето на делот Теис-Марош од Воена Краина во 1751 година, дел од таа територија исто така била вклучена во Бачко-бодрошката Жупанија. Единствениот дел од областа што останал во рамките на Воена Краина била Шајкашка. Од 1751 до 1848 година, североисточниот дел од областа припаѓал на автономниот Потиски Округ.
Од 1944 година, областа била дел од автономната југословенскаВојводина (која била дел од новата социјалистичка југословенска Србија од 1945 година). Денешните окрузи на Србија (вклучувајќи го и Јужнобачкиот Округ) биле дефинирани со акт на Владата на Србија од 29 јануари 1992 година.
Општини
Севернобачкиот Округ се состои од три општини и 45 месни заедници. Општините се:
Во 2002 година, две општини имале унгарско етничко мнозинство: Бачка Топола (58,94%) и Мали Иѓош (55,92%), додека една општина (Суботица) е етнички мешана. Населението на Суботица го сочинуваат: Унгарци (38,47%), Срби (24,14%), Хрвати (11,24%), Буњевци (10,95%), Југословени (5,76%), Црногорци (1,25%) и други.
Што се однесува до локалните заедници, 20 имаат унгарско мнозинство, 15 имаат српско мнозинство, седум имаат хрватско/буњевачко, една има црногорско мнозинство и две се етнички мешани, со релативно унгарско мнозинство.
Култура
Суботица е мултиетнички и мултирелигиозен центар; покрај поголемите римокатолички и српски православни заедници, во градот има речиси триесет други мали верски заедници. Највпечатливи верски објекти се катедралата Света Тереза од Авила од 1797 година, Францисканскиот манастир од 1723 година, Православната црква од 18 век, синагогата и православната црква во Александрово, двете од 17 век.
Економија
Во согласност со своите многу богати ресурси, индустријата за преработка на храна во регионот е добро развиена. Најдобри примери се месната индустрија „29 Ноември“, прехранбената фабрика „Пионир“ и фабриката за леб и брашно „Фиделинка“. Суботица е рангирана меѓу водечките заедници во Србија кога станува збор за приносите на земјоделските култури (пченка, пченица и сончоглед).