Западнобачки Округ (српски: Западнобачки округ, унгарски: Nyugat-bácskai körzet) — еден од седумте управни окрузи на автономната покраина Војводина, Србија. Се наоѓа во географскиот регион Бачка. Има население од 188.087 жители. Управно седиште на округот е градот Сомбор.
Име
На српски, округот е познат како Западнобачки округ, на хрватски како Zapadnobački okrug, на буњевачки како Zapadnobački okrug, на унгарски како Nyugat-bácskai körzet, на словачки како Západnobáčsky okres, на русинскиЗаходнобачки окрух и романски како Districtul Bacica de Vest.
За време на унгарско-германската окупација(1941-1944), областа била вклучена во Бачко-бодрошката Жупанија. Од 1944 година, областа била дел од автономната југословенска покраина Војводина (која била дел од новата социјалистичка република Србија од 1945 година). Денешните области на Србија (вклучувајќи го Западнобачкиот Округ) биле дефинирани со уредба на Владата на Србија од 29 јануари 1992 година.
Сомбор е град со богата културна традиција: Римокатоличката црква и францисканскиот манастир од 18 век, Куќата на Периш од почетокот на деветнаесеттиот век, иконостасот на големата и малата православна црква во Стапар се заштитени споменици регистрирани како културно наследство, кои сведочат за долгата историја на овој град.