Чачак — град во централниот дел на централна Србија, во Шумадија, помеѓу општината Горњи Милановац на север и општината Лучани на југозапад. Административно му припаѓа на Моравичкиот Округ, и е негов административен центар. На запад е општината Пожега, која му припаѓа на Златиборскиот Округ, на исток е општината Книќ, која е дел од областа Шумадија, а на југоисток е градот Краљево, кој му припаѓа на Рашкиот Округ.
Географија
Чачак зазема географски простор помеѓу 20°7'15" и 20°38'30" источна географска должина и 43° 44' и 44° 00' 30" северна географска ширина.
Чачак се наоѓа на 145 километри јужно од Белград. Најблиската граница е со Босна и Херцеговина. Чачак се наоѓа на спојот на Шумадија и внатрешните Динариди. Градот зафаќа површина од 636 км2 по течението на Западна Морава, опкружен со планините Вујан (857 m) на север, Овчар (958 m) и Каблар (885 m) на запад и Јелица (929 m) на југ, додека на исток е отворен кон сливот Краљевац. Во негова близина се планините Сувобор и Маљен, кои се наоѓаат на северозапад.