Пирот — град е седиште на Пиротски Управен Округ во Јужна Србија. Според пописот од 2011 година на територијата на градот со околните населби живееле 57.928, додека во самиот град имало 38.785 жители[2] (според пописот од 2002 г. имало 40.678 жители).
Пирот се граничи со четирите српски општини: Димитровград, Књажевац, Бела Паланка и Бабушница, како и со Бугарија во должина од 65 километри.
Во околината на Пирот се наоѓаат бројни познати планини, како што се се Стара планина, Влашка планина, Белава планина, Сува планина, итн. Низ градот Пирот течат реките Нишава, Јерма, Расничка, Темштица и Восичица. Во општината има три езера Завојско езеро, Крупачко езеро и Суковско езеро.
Општината Пирот има површина од 1.235 км2, во неа се наоѓаат повеќе од седумдесет населени места,
Пирот се наоѓа во пограничниот простор на Србија према Бугарија, располага со бројни и различни туристички вредности. Природата доминира над културните и историските споменици, но при туристичка валоризација треба да важи принципот на комплементарност со што туристичките потенцијали би се прикажале целосно.
Пирот е исто така е богат со културни настани, почнувајќи од најголемите како „Пиротско културно лето“ кој се одржува секое лето и кој е преполн со различни случувања како моторски собири, меѓународни фолклорни фестивали и разни концерти на локални и домашни изведувачи.