Дабово или Д’бово (грчки: Βαλτοτόπι, Валтотопи; до 1927 г. Δάμποβο/Ντάμποβο, Дамбово[2]) — село во Гуменџиско, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ, Грција. Населението брои 128 жители (2021). Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.[3]
Селото се наоѓа на 7 км јужно од градот Бојмица, на извесно растојание од десниот брег на реката Вардар.
В XIX век Дабово било македонско село во Кукушката каза. Црквата „Св. Константин и Елена“ на источниот крај на селото е од средината на XIX век.[4] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Дабово (Dabovo) било село во Кукушката каза со 45 куќи на 206 жители Македонци.[5][6] Меѓу 1896 и 1900 г. селото прешло под врховенството на Бугарската егзархија.[7]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Дѫбово (Дамбово) било село во Гевгелиската каза со 276 жители Македонци.[5][8]
Целото село било под въховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Дабово (Dabovo) имало 360 Македонци, сите под егзархијата, и работело бугарско училиште.[5][9]
По податоци на Егзархијата во 1910 г. Дабово било чифлигарско село со 43 семејства сочинети од 170 жители Македонци, 17 Роми (150 чифлигари) и една црква.[5][10]
За време на Првата балканска војна во 1912 г. селскиот кмет на Христо Попдимитров е уапсен од грчката војска и затворен во Берскиот затвор.[11] Освен него, тепани и уапсени се Божил Иванов, Пеце Иванов, Петко Георгиев, Иван Караиванов, Васил Балинов, Димо Гонеов, Васил Георчев и попот Димитар.[12]
Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека Д’бово (Дъбово) пред Балканските војни имало 35 куќи на Македонци христијани.[13]
По Балканските војни во 1913 г. Оризарци било пропоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Не можејќи да го поднесат теророт на грчката власт, најголем дел од населението морало да се исели во Бугарија (официјално 88 лица).[3] Во извештај од Солун во април 1914 г. бугарскиот дипломат Сократ Тодоров забележал:
На местото на мештаните се доселени жители на Киздервент во Мала Азија — Македонци од Охридско присилно иселени таму на почетокот на XVIII век за да бидат дервенџии, чиј јазик и денес е смеса од македонски со турски зборови.[15][16] Во 1926 г. селото е преименувано во Валтотопи.[17] Во 1928 г. селото е попишано со 373 жители[3] од кои 318 лица (89 семејства) биле дојденци, а останатите мештани.[18]
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
|month=
|isbn=